Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Охриѓанец експресно заврши во притвор поради детска порнографија
    • „Син ми е претепан од група врсници“ – Вознемирен татко од Битола се јавил во полиција
    • Страшна несреќа на крстосница во Припел: Прегазено 10-годишно дете
    • Хорор во Македонија: Запалил сува, по што му изгорела и колата, сопственикот завршил со изгореници
    • Манасиевски: Филипче го снема од медиумскиот простор
    • Манчев даде отчет за првата година од вториот мандат: Се реализираат проекти за канализација, водовод и патна инфраструктура во Општина Босилово
    • Иванов за градоначалникот Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните
    • Пронајдени 28 пиштоли во деловен простор во Куманово – приведено едно лице
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ во контрола на објекти до училишта: 15 локали добија клуч на врата, запленети 696 кг небезбедна храна

    АХВ во контрола на објекти до училишта: 15 локали добија клуч на врата, запленети 696 кг небезбедна храна

    17.11.2025 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна.

    Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Шеснаесет оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

    За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.

    Прочитај повеќе

    Охриѓанец експресно заврши во притвор поради детска порнографија

    21.10.2026 во 12:32

    „Син ми е претепан од група врсници“ – Вознемирен татко од Битола се јавил во полиција

    21.10.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.