- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики кон кадровските решенија на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче, рече Манасиевски. „Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што затворот во Шутка го претвори во хотел промаја, затворениците повеќе седеа надвор отколку внатре во затворот. Оние што беа внатре пак имале навистина големи поволности. Андов до…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања за работењето на претходната власт во ЕСМ Снабдување со топлина. Според него, кадри именувани од СДС и ДУИ се однесувале кон институцијата како кон приватна фирма, реализирајќи тендер вреден осум милиони евра кој завршил во однапред договорена компанија. Петрушевски тврди дека во шемата бил вклучен Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а соработката резултирала со перење на два милиони евра преку мрежа од 33 лица. „СДС и ДУИ да не молчат, туку да одговорат каде завршиле овие испрани два милиони евра? Дали парите завршиле во Мала Речица или на Бихаќка? Јавноста заслужува…
Страшна сообраќајна несреќа се случи на индонезискиот остров Јава, каде во превртување на патнички автобус животот го загубија најмалку 16 лица. Несреќата се случила кај градот Семаранг, кога возачот изгубил контрола врз возилото во кое имало 34 патници. Според локалните власти, автобусот удрил во бетонска ограда пред да се преврти на страна. Шест патници загинале на самото место, додека уште десет лица им подлегнале на повредите на пат кон болница или за време на укажувањето лекарска помош. Автобусот сообраќал на релација од главниот град Џакарта до древниот град Јогјакарта. Лекарите во двете блиски болници се борат за животот на уште…
Лишени од слобода возачи во Ранковце, Велес и Неготино затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената На 21.12.2025 во 09:20 часот на магистралниот Крива Паланка – Куманово, во с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Ч.С.(65) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час. На 21.12.2025 околу 23:50 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР…
Советот на јавни обвинители на денешната седница со едногласна поддршка ја именуваше Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Таа доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој минатата недела поднесе неотповиклива оставка, а на денешното гласање Тополова-Исајловска беше единствениот предлог за оваа висока функција. Според законските одредби, таа ќе раководи со Јавното обвинителство до именувањето на нов државен обвинител, но не подолго од шест месеци. Како искусен кадар во правосудниот систем, Тополова-Исајловска на оваа позиција доаѓа од редот на обвинителите во републичкото обвинителство. Изборот беше првично одложен минатата недела поради отсуство на член на Советот, со цел…
Главниот град на Македонија утрово се најде на 57-та позиција на глобалната листа на најзагадени градови во светот. Според најновите мерења на платформата „IQAir“, Скопје бележи индекс на квалитет на воздухот (AQI) од 61, што го сместува градот во т.н. „жолта“ или умерена зона. Иако оваа вредност е значително пониска од критичните нивоа што често се бележат во текот на зимските месеци, Скопје и понатаму останува меѓу градовите со забележително присуство на ПМ честички. На оваа позиција, Скопје се најде веднаш под Адис Абеба (Етиопија), а пред францускиот град Лион. Со измерениот индекс 61, квалитетот на воздухот се смета за…
Пред конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал! Денес ја свикав оваа вонредна прес-конференција за конечно и јасно да одговорам на она што ДПНЕ веќе со денови го пласира во јавноста, рече на денешната прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор од редовите на СДСМ. Пред сè, сакам да ви објаснам зошто го прават тоа. По изгласувањето на Резолуцијата со која наводно се брани власта од дезинформации всушност се забранува вистината и слободата на говорот. Вакви работи правел Хитлер во времето…
Доколку попладнево планирате патување кон јужниот сосед, подгответе се за неколкучасовен прекин на сообраќајот. Според најавите, граничните премини Евзони и Ники (Меџитлија) ќе бидат блокирани од грчките земјоделци во неколку временски интервали: Земјоделците најавуваат дека нема да се повлечат од улиците додека не се исполнат нивните барања, иако се очекува од утре блокадите да бидат олабавени поради претстојните божиќни и новогодишни празници.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше дел од празничната магија на предновогодишниот концерт во ЈУДГ „Корчагин“ – објект „Пинокио“, каде што дечињата од објектите „Пинокио“ и „Палешка“ со искрена радост и насмевки посакаа добредојде на Новата 2026 година. Со специјално подготвена приредба заедно со учениците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј под водство на проф. Маре Видевска, со традиционални новогодишни композиции, сценски точки и празничен дух, најмладите упатија новогодишни честитки и желби до најблиските, и до најомилениот лик, дарежливиот Дедо Мраз. Герасимовски ги поздрави децата, родителите и вработените, им заблагодари за прекрасниот концерт, а најмладите ги израдува со новогодишни…
Познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски со оптимистичка најава за претстојните новогодишни празници. Според неговите најнови анализи, токму на полноќ на 1 јануари 2026 година, целиот Балкан, а особено Македонија и Бугарија, ќе бидат покриени со значителна снежна покривка. Попоски вели дека станува збор за вистинска „снежна идила“ која со нетрпение се очекува од граѓаните. „Немам зборови за ова и сигурен сум во целост сите ова го чекаме и да се молиме на Бога да остане вака. Станува збор за новогодишната ноќ точно на полноќ 1 јануари 2026 година“, вели Попоски во својата прогноза. Според најавите, ваквите временски услови ќе придонесат за…
