Author: Author 04

Најновите податоци на Евростат за 2023 година, кои ги анализира „Еуроњуз“, ја сместуваат Северна Македонија на високото трето место во Европа според стапката на фемицид. Со регистрирани шест убиени жени на еден милион жители, земјата се наоѓа веднаш зад Латвија (17 жртви на милион) и Литванија (10 жртви на милион). Овие бројки се значително над просекот на Европската Унија, кој изнесува 4,1 убиена жена на еден милион жители. Статистиката потврдува дека во европски рамки, жените се изложени на двојно поголем ризик да бидат убиени од близок член на семејството или партнер во споредба со мажите. За разлика од Македонија и…

Повеќе

Генерал-потполковник Фанил Сарваров (56), началник на Дирекцијата за оперативна обука на рускиот Генералштаб, утрово го загуби животот откако неговиот автомобил „Киа Соренто“ беше разнесен во јужниот дел на Москва. Експлозијата се случила околу 7 часот наутро во областа Јасенево, веднаш откако генералот го напуштил паркингот пред својот дом. Иако Сарваров бил извлечен жив од возилото по сложена операција на спасувачите, тој им подлегнал на тешките повреди на пат кон болница. Според официјалните медицински извештаи, генералот претрпел повеќекратни рани од шрапнели и фрактури на коските. Рускиот Истражен комитет веќе покрена кривична постапка за убиство. „Истражителите разгледуваат неколку верзии за убиството, а…

Повеќе

Обидот на германскиот канцелар Фридрих Мерц да ги убеди лидерите на ЕУ да искористат 210 милијарди евра од замрзнатите руски средства за помош на Украина, заврши без успех поради противењето на францускиот претседател Емануел Макрон. Иако Макрон не се спротивстави јавно, неговиот тим изрази сериозни резерви за легалноста на овој потег. Висок дипломат на ЕУ за „Фајненшл тајмс“ изјави дека овој потег на Макрон е „предавство“ кон германскиот сојузник: „Макрон го предаде Мерц и знае дека ќе мора да плати цена за тоа. Но, тој е толку слаб што немаше друг избор освен да се согласи со Мелони“, вели изворот.…

Повеќе

По минатонеделното одложување, Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител. Оваа позиција остана испразнета откако Љупчо Коцевски на 17 декември си поднесе неотповиклива оставка. Изборот беше првично закажан за 19 декември, но беше одложен за денеска за да се обезбеди присуство на сите членови на Советот. Согласно законот, новиот в.д. обвинител ќе се бира од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на РСМ и функцијата ќе ја извршува до изборот на нов државен обвинител, но не подолго од шест месеци. Љупчо Коцевски си поднесе оставка на денот кога Собранието требаше…

Повеќе

Пилот-проектот на грчките власти за воведување паметни камери со вештачка интелигенција покажа фрапантни резултати на патиштата во Атина. За само четири дена, системот евидентирал повеќе од 2.000 сериозни сообраќајни прекршоци на локации со висок ризик. Најголем дел од прекршоците се регистрирани на авенијата Сингро, каде една камера открила над 1.000 возачи кои користеле мобилни телефони или не носеле безбедносни појаси. Дополнително, евидентирани се 800 случаи на пребрзо возење и 480 поминувања на црвено светло. Министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу, истакна дека целта на оваа мерка е спасување животи, а не само казнување: „Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат…

Повеќе

Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух, велат од СДСМ.  „161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата. Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на загадувањето парите на граѓаните завршуваат во криминални тендери преку кои се пумпаат милиони евра. Мицкоски најавуваше 1 милијарда евра инвестиции за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50% но наместо тоа ги намали…

Повеќе

ОвенИмате силна мотивација да направите нешто на свој начин, особено во работата или амбициозните проекти. Тригонот Месечина–Уран ви дава храброст да излезете од рамката и да го следите сопствениот пристап, дури и ако е непопуларен. Подоцна, со преминот во Водолија, ви се јавува импулс да размислувате повообичаено и да направите план за идни промени. Денес иновацијата е вашиот најсилен ресурс. БикВашата стабилна природа денес се соединува со ненадејна потреба да направите нешто поинаку. Месечината и Уран во вашиот знак ви даваат самодоверба да преземете чекор што порано би го сметале за ризичен. Потоа Месечината во Водолија го истакнува вашиот професионален…

Повеќе

СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра. Наместо јавната набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во постапката биле вклучени две правни лица едно од Скопје и едно од Куманово. Но нивните улоги биле јасно дефинирани уште пред самиот почеток. Кумановската фирма била вметната само…

Повеќе

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) предупредува на значително намалена видливост поради појава на магла на неколку клучни правци во државата. Најкритично е на делот Сарамзалино – Штип, каде видливоста е ограничена до 100 метри, додека на правците Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин видливоста е до 200 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, утрово нема подолги задржувања за влез или излез. Од АМСМ апелираат до возачите: „Препорачуваме прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати Последен пат малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се променија. Моменталните максималнте цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар) Масло за…

Повеќе