- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) предупредува на значително намалена видливост поради појава на магла на неколку клучни правци во државата. Најкритично е на делот Сарамзалино – Штип, каде видливоста е ограничена до 100 метри, додека на правците Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин видливоста е до 200 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, утрово нема подолги задржувања за влез или излез. Од АМСМ апелираат до возачите: „Препорачуваме прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати Последен пат малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се променија. Моменталните максималнте цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар) Масло за…
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека дел од корисниците во општина Кисела Вода денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според известувањето од „ЕВН Македонија АД“, прекинот е планиран поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Без струја, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците на улица „368“ бр. 3.
Вчера во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ј.С.(34) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед кај Ј.С. пронајден е кокаин. По целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383. На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ќе ја пречека министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали. Ова е нејзина прва официјална посета на нашата земја. На средбата е предвидено двајцата министри да разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, како и за билатералните односи и соработката. Посебен фокус ќе биде ставен на можностите за нивно понатамошно унапредување во сите области од заемен интерес. Програмата предвидува тет-а-тет средба меѓу Муцунски и Спиропали, по што ќе следува и билатерална средба меѓу делегациите на двете министерства. По завршувањето на разговорите, предвидена е…
Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и појава на магла во одделни котлини. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 4 до 12 степени. Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и тивко со магла, со температура до 4 степени. Од УХМР најавуваат промена од утре навечер: „Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави почеток на масовна акција за расчистување на јавните простори од бесправно изградени објекти.Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!, напиша на својот Фејсбук профил Ѓорѓиевски. „Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес“, рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани. „Акцијата продолжува со силно темпо и…
Завчера во 12:35 часот во Полициската станица Аеродром од Итна медицинска помош е пријавено дека на кеј на река Вардар бил пронајден 47-годишен маж со повреда од огнено оружје, а до него бил пронајден пиштол. Истиот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид, соопштуваат од МВР
Безбедносната служба на Украина (СБУ) продолжува со својата офанзива врз енергетското срце на Русија. Долгодострелни дронови по трет пат погодија клучна нафтена платформа во Каспиското Море, сопственост на нафтениот гигант „Лукоил“. Овој пат цел на нападот беше платформата на наоѓалиштето „Валериј Грајфер“. Камерите на дроновите снимија директен и прецизен удар врз гасната турбина – критичен дел од инсталацијата, без кој целото производство е целосно онеспособено. ⚡️ BREAKING: For the first time ever, a Russian “shadow fleet” tanker was critically damaged by drone strikes in the Mediterranean and is now out of operation, according to media reports. pic.twitter.com/O5W6nK7vzx— UNITED24 Media (@United24media)…
