- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше Националната стратегија за развој на ИКТ – „СМАРТ/МК 2030“, дефинирајќи ја како патоказ за модерна, паметна и ефикасна држава. Според премиерот, овој документ не е само воведување технологија, туку длабока промена во културата на институциите. „Дигиталната држава е предуслов за владеење на правото. Кога процесите се дигитални, трагата е видлива, а одговорноста е јасна. Нема простор за злоупотреби, селективност или привилегии“, истакна Мицкоски. Премиерот упати посебна благодарност до министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за неговата визија во подготовката на овој стратешки документ кој треба да ја позиционира Македонија според европските дигитални стандарди.
Најгусто населените квартови во Одеса денеска се соочуваат со хуманитарна катастрофа по новиот силен руски напад врз енергетската мрежа. Како што информираше Серхиј Лисак, началник на воената администрација, градот е привремено отсечен од основните комунални услуги – струја, вода и греење. Ударот предизвика сериозни штети на енергетските објекти, а силниот ударен бран искрши прозорци и ги девастираше фасадите на околните петкатни станбени згради. „Експертите веќе се на терен и работат на реконструкцијата. Нашата цел е што побрзо да ги вратиме основните услуги во домовите“, изјави Лисак. Last night in Odesa was hellish again.This is what the morning looks like when…
Вчера (18.12.2025), во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје. Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“. По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Утрово во 03:30 часот на патот Тетово – Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Р.(62) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Исто така синоќа во 19:04 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.М.(34) од с.Велестово, охридско. При контрола…
Вчера во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која цените на бензинот од ноќеска поевтинија по втор пат за оваа недела.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се променија. Од 19.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра…
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата, велат од СДСМ. „Клучното прашање е: зошто токму сега? Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални…
Скопје утрово е под густа магла и екстремно загаден воздух. Министерството за животна средина информира дека прагот на алармирање за честичките PM10 е надминат два дена по ред на сите мерни точки во главниот град: Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Најкритично е во Лисиче, каде вчера беа измерени рекордни 266 mg/m3, што е речиси двојно над прагот на алармирање. Согласно настанатата состојба за мерните места во Скопје – Центар, ГазиБаба, Карпош, Лисиче и Ректорат важат следните мерки: Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола…
СДС на предлог на Заев а поддржан од Филипче, избра старо ново раководство, но во истиот момент започнаа и реакциите од општинските организации на СДС низ Македонија, летатат оставки но и бараат оставки од Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И покрај гласините и изјавите на Филипче за реформи во партијата на дело се покажа дека Зоран Заев е клучен фактор во партијата. Наместо подмладување, освежување и нови лица со нова енергија СДС повторно се потпира на веќе видените и истрошени кадри од кругот лојален на Зоран Заев. СДС на чело со Филипче промовира „нови лица“ кои се обременети со афери, скандали…
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по претежно суви коловози, но АМСМ предупредува на значително намалена видливост поради магла во Повардарието. Најкритично е на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, каде видливоста е намалена на само 50 до 60 метри. Се препорачува максимално внимателно управување со возилата и прилагодена брзина. Денеска, со почеток во 10:00 часот, жителите на село Двориште најавија протест и блокада на регионалниот пат Берово – Струмица, на местото викано „Студенецо“. Сообраќајот ќе биде во прекин, па од АМСМ апелираат возачите да користат алтернативни патни правци. Посебна претпазливост е потребна низ клисурите…
