Вчера во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.
- Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
- Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор
- Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците
- Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства
- Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС
- Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
- Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
- Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

