- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска големиот верски празник Св. Никола, патронот на град Штип, го помина во овој град, каде што присуствуваше на свечената литија и чинот на кршење на празничниот колач. Чествувањето се одржа во присуство на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со бројни верници и граѓани. Во рамки на денешната агенда, министерот Перински присуствуваше и на седницата на Регионалниот совет на Источниот плански регион, каде што беа разгледани тековни и идни активности поврзани со надлежностите за имплементација на политиките за рамномерен регионален развој. Во текот на…
Во вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за измените на законите во Собранието поврзани со функционирањето на системот „Сејф Сити“, оценувајќи го системот како позитивен со цел воспоставување на ред во сообраќајот и намалување на жртвите. „Човечки е дека луѓето треба да се навикнат и затоа ја поздравувам одлуката на министерот Панче Тошковски да има таков тест период, од друга страна јас би се фокусирал на друга статистика, тоа е дека во првите 15 дена од тест периодот нема ниту една…
Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18.12.2025 година и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33 лица, поради основано сомнение дека сториле кривични дела од економско-финансиска природа. Сите осомничени лица се…
Херојот од плажата Бонди, Ахмед ал Ахмед, кој го сопре терористот Саџид Акрам (50) во крвавиот напад во Сиднеј, доби 2,5 милиони австралиски долари (околу 1,24 милиони фунти) во донации во болница, каде што се лекува од повредите здобиени во пукањето. Ахмед скокна од зад автомобил во неделата и успеа физички да се соочи со еден од напаѓачите, разоружувајќи го. Тој беше застрелан неколку пати за време на инцидентот, а лекарите стравуваат дека може да ја изгуби раката. Најмалку 16 лица беа убиени во терористичкиот напад на плажата Бонди во неделата. Сепак, се верува дека бројот на жртви би бил…
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) денеска ги објави резултатите од обдукцијата на новороденчето кое почина на оваа клиника. Според официјалниот наод, на телото на бебето нема физички повреди на ниту еден орган, а смртта настанала како последица на тешка респираторна инсуфициенција. Како што појаснуваат од ГАК, станува збор за респираторен стрес синдром, односно незрелост на белодробното ткиво. Клиниката веќе го повикала семејството за да ги сподели сите детали од наодот и изрази длабоко сочувство за нивната загуба.
Вчера во СВР Скопје, З.А.(61) од Скопје пријави дека на 25.11.2025 околу 08:45 часот во Скопје, додека се превезувала како патник во автобус, при кочење на автобусот паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33) и Т.Ш.(36), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“. На 14.10.2025, првопријавениот дал поткуп во износ од по 1000 денари на четири лица да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево, додека второпријавениот на едно женско лице дал поткуп од 5000 денари со истата намера.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 11.12.2025 во Тетово, пријавениот со употреба на остар предмет, се обидел да нападне четири малолетници.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 30.10.2025 на улица „Маркс Енгелсова” во Струга, тој од возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, од пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, испукал неколку куршуми кон стан во сопственост на Д.М. од Струга.
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар во објект на фирма. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
