Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Брвеница ќе се избира градоначалник за 350.000 евра
    • Драма во Велес: Момче насила ја качило поранешната девојка во автомобил, полицијата го уапси
    • Мицкоски утре ќе го означи стартот на гасоводното поврзување со Србија
    • Пресврт во политиката на Будимпешта: Унгарија ја прогласи Русија за закана во ОН
    • Катастрофа на Хималаите: Поплави однесоа села во Непал и Тибет, се трага по стотици исчезнати
    • Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден: Регистриран и првиот случај во Куманово
    • Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино
    • ДЗС: Невработеноста падна на 11,3 проценти, се зголеми бројот на вработени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Новите лица на Филипче, се лошото минато на СДС и Заев

    Манасиевски: Новите лица на Филипче, се лошото минато на СДС и Заев

    22.12.2025 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики кон кадровските решенија на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

    Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче, рече Манасиевски.

    „Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што затворот во Шутка го претвори во хотел промаја, затворениците повеќе седеа надвор отколку внатре во затворот. Оние што беа внатре пак имале навистина големи поволности. Андов до толку се грижел за своите затвореници што дозволувал дури и службени возила и службени лица да ги разшетуваат низ државата. Едноставно си го приватизирал затворот и си наплаќал услуги. СДС наместо оградување и исклучување, го наградија со раководна функција. Дали можеби работел по насока и директива на поранешни челници на СДС останува да дознаеме?“, прашува Манасиевски.

    Манасиевски посочи дека од друга страна, го имаме Агрон Демири, исто така досегашен член на ЦО на СДС. Коносител на минатите избори во ИЕ6 и не успеа да влезе како втор на листата.

    „Агрон Демири е горд пријател на Зоран Заев и Венко Филипче. Тој никогаш не ја криел неговата наклонетост кон овие двајца. За таа цел, во 2021 година, Агрон Демири како претседател на студентски парламент од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, му доделил плакета на Зоран Заев, за заложбите што ги правел кон младите. А добро ги паметиме неговите заложби со оглед на тоа дека младите беа омаловажени и потценети во негово време. Но, дали оваа наклонетост и плакета кон Зоран Заев, го пласираше Демири во врвот на СДС? До толку ли нема други заслужни, па тој мора да биде награден? Несуден пратеник и анонимус во политиката.
    Почитувани граѓани, Дали овие ликови се новите лица на СДС, секако дека не. Ова се само луѓе послушни кон Зоран Заев, а го држат Венко Филипче на функција.

    Дали овие лица се горди на аболицираниот криминалец Зоран Заев и ќе продолжат по неговите криминални и коруптивни чекори?

    СДС оди во стечај“, потенцираше Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.