- Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет
- УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме
- Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата
- Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
- Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
- Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари
- Приведена популарна турска актерка
- Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
Author: Author 03
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина. „Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт. Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја…
„Ние го разгоруваме нашиот борбен, антидпмневски, антидеструктивен, антифашистички жар и со стиснати тупаници, ја продолжуваме борбата. Драги соборци, борбата против неправдата, против апашлукот и против расизмот е наша обврска,“ порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, вечерва на митингот на СДСМ во Штип. Таа нагласи дека СДСМ секогаш била и останува партија што не се повлекува пред предизвиците. „Имам впечаток дека во нашиот општествено-политички живот сме поминале многу време во борба отколку во мирнодопски услови. Се боревме против режимот на Груевски, против суровоста на Мијалков, се боревме за вистината за Македонија. Се соочивме и со пандемија, а подоцна и со светска…
На овие избори народот одлучува и никој друг. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски, Македонија е уморна од сојузите кои се на грбот на напатениот народ. -На овие избори народот одлучува и никој друг, Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина, уморна е од сојузите кои се на грбот на напатениот народ, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче. Тоа е коалиција за пари. На Македонија и треба коалиција за работа и…
Засега непознат број луѓе загинаа во силниот земјотрес што денеска ја погоди централната област на Филипините во кој се урнаа стари згради и беше предизвикана паника, јавија локалните медиуми. Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила. – Ова се смета за многу силен земјотрес, изјави директорот на Phivolcs, Тересито Баколкол, во радио-интервју. „Очекуваме штета и очекуваме афтершокови“. На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како се уриваат објекти, вклучувајќи две цркви во покраината…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа, соопшти неговиот портпарол. Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот и негова имплементација“. Шефот на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш и безусловно ослободување на сите заложници“. – Обединетите нации остануваат цврсто посветени на поддршка на сите напори кои промовираат мир, стабилност и понадежна иднина за народот на Палестина и Израел и поширокиот регион, се наведува во соопштението.
По локалните избори имам намера да се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, затоа што мора еднаш засекогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот. Тоа го истакна на вечерашниот митинг во Струга претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски подвлекувајќи дека СДСМ и ДУИ, како што рече, грчевито ќе се борат за спас во корумпираното судство и обвинителство. – Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Од месечинаta се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата стана судството и обвинителството, кое ги штитат СДСМ и ДУИ, како бели…
Нашата програма на локалните избори се состои од четири столба и повеќе капитални проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на прилепчани, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска. Таа вечерва во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја претстави изборната програма. -Првиот столб во нашата програма е функционален и безбеден јавен пристап во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на дивите депонии, на кучињата скитници за безбеден да биде градот. Вториот столб е чиста и здрава животна средина со засадување нови садници, средување на депониите во околината, хигиената, со одржување на…
Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“. -Веќе нема црвени линии, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог пред него имало неколку декларации една од нив направена и со помош на МАНУ. Очекував и се израдував ама за многу кусо време дека ќе седнат лидерите на партиите, седнаа, ги…
„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас. Заедно покажавме дека општината може да се води со работа, чесност и визија. Ниту еден проект, ниту една промена не се случи сама од себе – сè што направивме е резултат на тимска работа, упорност и љубов кон нашата општина“, истакна на трибината на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов. Во своето обраќање пред присутните, Анастасов се осврна на сработеното во изминатиот период. „Од изградени и реконструирани улици, подобрени училишта и градинки, до нови паркови и…
Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев гостуваше во емисијата Топ тема на Телма, каде што дебатираше со противкандидатот на СДС од Велес. Колев говореше за предизвикот со потребата од голем број на паркинг места, за којшто потенцираше дека во новиот мандат, односно следните 4 години, ќе биде решен. „Во соработка со ЈПДП, мостот кај Башино Село е веќе реконструиран, веќе имаме документација и обезбедени средства за изградба на нов мост, во близина на претходниот и секако обиколницата којашто треба да се гради некаде почетокот на 2026 година. Секако имаме и други проекти за кои имаме предвидено средства, така да ќе…
