- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
- ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
- Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
- ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
Author: Author 03
На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години и дека ќе се продолжи со зсилено темпо да се работи одговорно, посветено и чесно за да општина Вевчани биде општина достапна и отворена за своите граѓани. „Програмата за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет на Вевчани. Приоритет ни се нови инвестиции не само во инфраструктурата туку и изградба на мултифункционална игралиште во Вевчани, реконструкција на старата Кино сала, доградба на градинката во Вевчани, ќе изградиме и нови водоводни и…
Советот на јавните обвинители денеска ја одржа 28-та седница на која донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими. Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење и дополнителни часови, зацртана во идната програма. Во разговор со група пензионирани наставници, тој посочи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за учениците кои потешко ја совладуваат наставата, како и за надарените ученици кои се подготвуваат за натпревари. „Недостигот на наставен кадар е системски проблем на ниво на државата, затоа одлучивме да ве ангажираме вас, нашите искусни наставници, кои иако во пензија, можат да помогнат во едуцирањето и споделувањето на своето знаење. Вашиот ангажман ќе значи…
Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела во врска со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека со завршување на обвинението не значи дека завршила и постапката за Кочани и дека податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо ново и дека сите овие пораки се испратени до одбраната и судот. -Јавното обвинителство уште од почетокот постапуваше по поднесена кривична пријава. Меѓутоа…
Тони Коњановски, актуелен градоначалник на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник говореше во дебатната емисија Директно, на телевизија Телма. Коњановски се осврна на прашањата поврзани со животната средина и јавната хигиена и нагласи дека намалувањето на загадувањто се одвива преку конкретни мерки и ќе продолжи во истата насока. „Јас ќе почнам од она што го имаме реализирано досега. Два огромни, круцијални проекти се одвиваат или се завршени во Битола. Топлификацијата, проект вреден над 40 милиони евра што секако допринесува за зачувување на животната средина, 36 објекти, јавни институции се поврзани на проектот за топлификација“, рече Коњановски.…
Чешка сака да стане првата земја од ЕУ што веднаш ќе го ограничи влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи од безбедносни причини, соопшти владата, цитирана од француските медиуми. Мерката ќе се применува на сите аеродроми во земјата. Руските граѓани акредитирани во руската Амбасада во Прага ќе го задржат своето право да влезат во земјата, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи. Европската унија има намера да воведе строги ограничувања за движењето на руските дипломати во Шенген зоната. „Ние засега сме единствените што го прават ова. Мерката треба да ги инспирира другите земји и да ги надополни европските…
Амбасадорот на Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој денес имаше работна посета на Гостивар и се сретна со в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани. Од Службата за информирање на Општина Гостивар посочија дека средбата била многу срдечна и поминала во конструктивен разговор. Градоначалникот Лимани ја оценил оваа посета како чест и искажал благодарност за можноста да се разговара за можности за соработка со Турција. – Чест и голема радост ми беше денес да го се сретнам со амбасадорот на Турција, неговата екселенција Фатих Улусој. Разговаравме за бројни соработки кои се природни со една братска држава како Турција, изјави Лимани.
Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас. Трамп вечерва претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа. На заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот, Трамп рече дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од Вашингтон да преземе чекори за да го порази Хамас ако таа палестинска екстремистичка…
Луѓето познати како „суперстогодишници“ – кои живеат над 110 години, покажуваат извонредна способност да го одложат неизбежното. Подробна анализа на здравјето на една од највозрасните луѓе во светот, Марија Брањас, која живееше до 117 години, посочува дека дел од нејзината долговечност може да се поврзе со исклучително „млад“ геном, посочуваат истражувачите од Институтот за истражување на леукемија „Хозеп Карерас“ во Барселона, Шпанија. Некои од нејзините ретки генетски варијанти се поврзани со имунолошкиот систем и здравјето на срцето и мозокот. Научниците, предводени од епигенетичарите Елој Сантос-Пујол и Алејш Ногера-Кастелс, велат дека ги користат резултатите за „да понудат нови сознанија за биологијата…
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, вечерва свечено го отворија изборниот штаб на Рекорд, најавувајќи промени и нов почеток за главниот град. На отворањето зборуваа и носителот на советничката листа за Центар, Крумислав Барзов Мишко, и носителот на градската листа на Движењето ЗНАМ, генерал Горанчо Котевски, кои ја изразија силната поддршка за новото лидерство и новата енергија што ја носи кандидатурата на Лабудовиќ. Лабудовиќ остро го критикуваше актуелниот градоначалник, нагласувајќи дека Општина Центар денес е сотрена економски, сообраќајно и безбедносно. Тој оцени дека наместо да ја води општината, досегашниот градоначалник ја оставил…
