Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукароска: Нудиме програма со четири столбови и повеќе капитални проекти за Прилеп

    Лукароска: Нудиме програма со четири столбови и повеќе капитални проекти за Прилеп

    30.09.2025 во 21:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Нашата програма на локалните избори се состои од четири столба и повеќе капитални проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на прилепчани, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска.

    Таа вечерва во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја претстави изборната програма.

    -Првиот столб во нашата програма е функционален и безбеден јавен пристап во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на дивите депонии, на кучињата скитници за безбеден да биде градот. Вториот столб е чиста и здрава животна средина со засадување нови садници, средување на депониите во околината, хигиената, со одржување на екологијата, фотоволтаици на општинските претпријатијата. Третиот столб е општина по мерка на граѓаните во кој општината ќе ја зголеми транспарентноста при што граѓаните ќе ги добиваат сите потребни информации. Ќе има фондови за поддршка на млади, на земјоделки, поддршка на самохрани родители. Четвртиот столб е младите во фокусот. Мора да има младински културен центар, функционалем младински сојуз со буџет, да има стартапи и едукација за претприемачи за млади за да можеме младите да ги задржиме тука, изјави Лукароска на презентацијата.

    Покрај четирите столбови во програмата, фокусот е и на инфраструктурата која ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните во Прилеп, а се подготвени и неколку капитални проекти.

    -Еден од капиталните проекти ќе биде паркинг простор над градската река со капацитет за 100 возила. Вториот капитален проект е „Топташ скајлајт“ со вело и мотокрос патеки, со простор за прошетки и рекреација, обнова на планинарскиот дом „Дервен“ како три нови велосипедски патеки во градот.

    На вечерашната презентација беше претставена и кандидатската листа на советници чиј носител е Драгица Николоска.

    -Листата ја претставуваат чесни и посветени луѓе. Нашиот глас во советот ќе биде слушнат онолку силно колку што ќе успееме да ги доловиме проблемите на граѓаните и да  понудиме решенија. Советничката листа на СДСМ може да го направи тоа, рече Николоска, носител на кандидатската листа на советници за Прилеп од СДСМ и колацијата

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.