Author: Author 03

„Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски. Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула. „Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски гостуваше во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ, притоа ја истакна својата визија и идеи како да се подобри Делчево, да биде поубаво место за живеење, со проекти за решение на дивите депонии и решавање на проблемот со задолжувањето на општината од претходната власт. -Мојата мотивација ќе ја преточам во конкретни проекти, ќе ја прекинеме оваа низа на два мандати на градоначалници на СДС, овие 4 години ќе работам во интерес на граѓаните на општина Делчево со нови проекти, Делчево е задолжена општина и задолжено Јавно комунално претпријатие,…

Повеќе

Програмата е направена со експерти, но и со многу граѓани. Имавме период на собирање идеи, многу граѓани ги дадоа своите идеи. Клучно што насекаде го бараат е справување со отпадот. Прво и основно е хигиената за што многу ќе се заложат сите градоначалници. Може да се види дека внимателно, правилно ставени се проекти за подобрување на оваа состојба, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостувањето во Дневникот на Сител. Мисајловски, кој говореше пред почеток на митингот на партијата во СЦ „Јане Сандански“ посочи дека во програмите на кандидатите за градоначалници има и голем прој проекти во инфраструктурата. -Имаме чесни…

Повеќе

Најмалку 33 лица се убиени во израелски напади во Појасот Газа од утрово, соопштија болнички палестински извори. Според нив, 24 од загинатите се во градот Газа, каде Израел продолжува со воздушната и копнената офанзива против милитантната група Хамас. Израелската војска соопшти дека и понатаму ги таргетира милитантите низ целиот Појас Газа и дека ја интензивирала офанзивата во градот Газа, кој го опишува како последното упориште на Хамас. Трупите вчера убиле членови на вооружени групи кои се обидувале да постават експлозиви, додаде армијата во соопштение. Израелската морнарица, во меѓувреме, соопшти дека уништила магацин со оружје на Хамас. Војската, исто така, извести…

Повеќе

Нетанјаху и Трамп почнаа ги почнаа разговорите за прекинот на огнот во Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Мировниот план за Газа, формулиран од американскиот претседател, треба да биде во фокусот на нивните разговори. Средбата се одржува откако Нетанјаху се обрати пред светската заедница на Генералното собрание на Обединетите нации. Обраќањето дојде во време откако неколку земји објавија признавање на палестинската државност, а израелската армија го зголемува притисокот врз градот Газа. По обраќањето пред Генералното собрание, Нетанјаху денес пристигна во Белата куќа, пишува SkyNews, а Трамп е „многу уверен“ во постигнувањето…

Повеќе

Украина предложи изградба на заеднички штит за воздушна одбрана со своите сојузници за заштита од закани од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник, откако серијата повреди на воздушниот простор предизвикаа тревога на источното крило на НАТО. Лидерите на НАТО изјавија дека упадите на Русија во полскиот и балтичкиот воздушен простор ја тестираат подготвеноста и решителноста на алијансата, а Киев вели дека искуството на Украина во справувањето со воздушните закани би било корисно. „Украина им предлага на Полска и на сите наши партнери да изградат заеднички, целосно сигурен штит против руските воздушни закани“, рече тој во видео обраќање до…

Повеќе

Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот, соопшти денеска локалната полиција. Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите. Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург. Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, изјави портпарол на полицијата. Тој не даде детали за видот на оружјето. Полицијата соопшти дека не сака да објавува дополнителни информации од почит кон семејството на жртвите. Портпаролот исто така рече дека училиштата на децата…

Повеќе

Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта, но и потенцијален двоцифрен пад на приходите од извозот на нафта и гас, соопшти Министерството за економски развој во најновите прогнози. Извозот на нафта во 2025 година ќе се намали за 2,08 проценти, на 240,1 милион тони, според основното сценарио, објави министерството кон крајот на минатата недела. Досега се очекуваше пад на обемот на извозот од околу 4,5 проценти и испорака од 229,7 милиони тони нафта, потсетува новинската агенција Тас. Во 2026 година извозот би требало да порасне на 241,7 милиони тони, во 2027 на 243,9 милиони тони, а во 2028…

Повеќе

Иранската државна телевизија ги цензурираше голите колена на финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен и шведската министерка за надворешни работи Мари Малмер Стенергард додека известуваа за дипломатски состаноци на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк. Иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад го сподели видеото на платформата на социјалните медиуми X, опишувајќи ја цензурата како симптом на пошироки ограничувања на слободите на жените во Иран. Двајцата министри одржаа билатерални состаноци со нивниот ирански колега Абас Арагчи. „Не ја прилагодувам облеката врз основа на тоа со кого се среќавам. Имам политика да не присуствувам на настани каде што е…

Повеќе

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI денес воведе мерки за безбедноста на тинејџерите кои ја користат алатката Chat GPT. Новите опции им овозможуваат на родителите да ја поврзат својата сметка со сметката на своето дете и да ги прилагодат поставките за побезбедно корисничко искуство. Тие ќе можат да постават временски ограничувања за користење на алатката, да го исклучат гласовниот режим или генерирањето слики и да ја контролираат употребата на меморијата на четботот. Кога сметките се поврзани, сметката на тинејџерот автоматски добива дополнителна заштита, вклучувајќи намалување на експлицитната содржина, онлајн предизвиците, сексуалниот, романтичниот или насилниот материјал и екстремните…

Повеќе