Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата драстично расте, Трамп му се закани на Иран со „целосно уништување“

    07.04.2026 во 10:06

    Дневен хороскоп: Сонцето и Месечината во хармонија – Што им носи овој вторник на знаците

    07.04.2026 во 09:58

    Падна криумчар во Скопје: Полно комбе со шверцувана стока запрено на „Јадранска магистрала“

    07.04.2026 во 09:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата драстично расте, Трамп му се закани на Иран со „целосно уништување“
    • Дневен хороскоп: Сонцето и Месечината во хармонија – Што им носи овој вторник на знаците
    • Падна криумчар во Скопје: Полно комбе со шверцувана стока запрено на „Јадранска магистрала“
    • Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Земал ли Заев 4 милиони евра мито за „бетонската џунгла“ во Тетово
    • Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД
    • СДСМ: ЕСМ во долгови од 200 милиони евра, Мицкоски го мести бизнисот за увоз на струја
    • Дел од Волково денеска ќе остане пет часа без струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски: Имаме чесни кадри, луѓе кои се посветени, мора да се работи со големо темпо

    Мисајловски: Имаме чесни кадри, луѓе кои се посветени, мора да се работи со големо темпо

    29.09.2025 во 19:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Програмата е направена со експерти, но и со многу граѓани. Имавме период на собирање идеи, многу граѓани ги дадоа своите идеи. Клучно што насекаде го бараат е справување со отпадот. Прво и основно е хигиената за што многу ќе се заложат сите градоначалници. Може да се види дека внимателно, правилно ставени се проекти за подобрување на оваа состојба, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостувањето во Дневникот на Сител.

    Мисајловски, кој говореше пред почеток на митингот на партијата во СЦ „Јане Сандански“ посочи дека во програмите на кандидатите за градоначалници има и голем прој проекти во инфраструктурата.

    -Имаме чесни кадри, луѓе кои се посветени, кои се докажаа во минатите години, но и нови луѓе. Мора да се продолжи со големо темпо, да се работи и да се помога во решавање на проблемите, нагласува Мисајловски.

    За кандидатот на партијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Мисајловски вели дека го знае долго време и знае дека е еден од највредните луѓе во партијата.

    -Кога ќе се зафати со било какви проблеми, ги решава. Тоа го покажа и во Кисела Вода. Знам дека Орце секојдневно ќе работи за подобрување во секоја сфера. Решавање на депониите е првото нешто со кое ќе се зафати, како што ветува и на терен. Ветува и ново претпријатие за решавање на урбанизмот. Орце е вистинскиот избор за Скопје, истакнува Мисајловски.

    Во однос на изборната кампања, порача дека како партија ќе водат позитивна кампања.

    Популарно

    Цената на нафтата драстично расте, Трамп му се закани на Иран со „целосно уништување“

    07.04.2026 во 10:06

    Дневен хороскоп: Сонцето и Месечината во хармонија – Што им носи овој вторник на знаците

    07.04.2026 во 09:58

    Падна криумчар во Скопје: Полно комбе со шверцувана стока запрено на „Јадранска магистрала“

    07.04.2026 во 09:53

    Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    07.04.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.