Author: Author 03

На денешниот митинг во Струга генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски истакна дека со преземањето на одговорноста да ја води Владата, ВМРО-ДПМНЕ покажа како за кратко време, односно за година и половина може да се направат многу проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Сајкоски порача дека од новите советници на Општина Струга, како и од стружани кои се директните учесници во извршната власт се очекува да испорачаат проекти кои во градот ќе го направат услови за подостоинствено живеење кои го подобрат квалитетот на животот. Додаде дека време е Струга да добие надеж за подобра иднина, надеж за развој, надеж…

Повеќе

По големиот интерес во јавноста околу фотографијата со новиот iPhone 17 Pro Max, кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска се огласи на социјалните мрежи со демант дека телефонот всушност не е негов.Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на изборите со нашата партија Унија на Ромите. Тоа беше порака, а не промоција на телефон“, напиша Дудуш

Повеќе

Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. -Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните, посочуваат од УЈП за МИА. Во објавата на ИРЛ беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни…

Повеќе

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска му порача на премиерот на Полска Доналд Туск дека со судир со Русија игра опасна игра со животите на милиони Европејци. – Драг Доналд Туск, можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е. Истото важи и за Европската унија. Играте опасна игра со животите и безбедноста на милиони Европејци. Ова е многу погрешно, напиша Орбан на Х. Изјавата на Орбан следува откако Туск вчера во говор на Варшавскиот безбедносен форум, рече дека војната во Украина е дел од „страшен политички проект“. – Се допаѓа тоа некому или не, ова е…

Повеќе

Ова се локални избори каде што се одлучува за местото на вашето живеење за патот по кој одите, за училиштето во кое учи вашето дете, внук, за тоа како живеете, за парковите по кои шетате, но ова не се само обични локални избори, туку ова се избори во кои што се испраќа силна порака за политичката волја овде во Струга, во преубавиот град на Дрим, рече во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во основа имаме два избори, едниот избор е изборот да одиме сите назад, дасе вратиме кон темното минато на криминалот, корупцијата, тендерите, распаднатата и одземена држава,…

Повеќе

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени денеска е регистриран во морето кај централниот дел на Филипинските Острови, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS), кој ја намали почетната проценка на јачината што првично беше 7,0. Филипинскиот сеизмолошки завод предупреди на можно „помало покачување на нивото на морето“ и ги повика жителите на централните острови Лејте, Себу и Билиран да останат подалеку од крајбрежјето. Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри источно-југоисточно од Калапе, општина во покраината Бохол со околу 33.000 жители. Пацифичкиот центар за предупредување соопшти дека „нема опасност од цунами“. Филипините често се соочуваат со сеизмичка активност бидејќи се наоѓаат…

Повеќе

На овие локални избори Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл, порача вечерва од Вевчани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На Митингот пред вевчанци тој посочи дека иако лидерот на опозициската партија Венко Филипче кажал оти нема да води негативна кампања, ја злоупотребувал големат трагедија во Кочани, а но и оти, според Мицкоски, спремал ново предавство со т.н. „црвени линии“ со Бугарија. – Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ…

Повеќе

30 Сеп 2025 by Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра. Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи, го контактирал телефонски преку мобилна апликација. Му се заканувал и му…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии. „Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после…

Повеќе

На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години и дека ќе се продолжи со зсилено темпо да се работи одговорно, посветено и чесно за да општина Вевчани биде општина достапна и отворена за своите граѓани. „Програмата за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет на Вевчани. Приоритет ни се нови инвестиции не само во инфраструктурата туку и изградба на мултифункционална игралиште во Вевчани, реконструкција на старата Кино сала, доградба на градинката во Вевчани, ќе изградиме и нови водоводни и…

Повеќе