Close Menu
Press24
    Најново

    Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите

    10.06.2026 во 12:18

    Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра

    10.06.2026 во 12:06

    Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала

    10.06.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Вевчани: На овие локални избори СДСМ го очекува уште еден изборен дебакл

    Мицкоски од Вевчани: На овие локални избори СДСМ го очекува уште еден изборен дебакл

    30.09.2025 во 18:474 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     На овие локални избори Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл, порача вечерва од Вевчани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    На Митингот пред вевчанци тој посочи дека иако лидерот на опозициската партија Венко Филипче кажал оти нема да води негативна кампања, ја злоупотребувал големат трагедија во Кочани, а но и оти, според Мицкоски, спремал ново предавство со т.н. „црвени линии“ со Бугарија.

    – Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ. Ако францускиот предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш зошто ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото, рече Мицкоски.

    Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, барајќи ја довербата од вевчанци својот глас на локалните избори да го дадат за кандидатот Спасе Кочовски и носителот на советничката листа предводена од Леон Даскалоски, забележа дека во Вевчани живее честит и гостопримлив народ, кој знае како се сака и чува Македонија.

    – Ова се избори за тоа, како како сакате да продолжи да се развива општината, затоа што во Вевчани не е само културата, важен е и духот кој го носите во себе, тука се и маалата, улиците, природата, зелените површини. На овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, во кој се гради карактерот на секој еден од нас, подвлече Мицкоски.

    На Вевчани, нагласи тој, му треба домаќинско работење, а Кочовски покажал како одговорни и чесно се прави тоа.

    – На Вевчани му треба домаќинско работење, Спасе Кочовски во изминатите четири години покажа како во едни тешки услови како се работи чесно, одговорно и посветено, потенцираше Мицкоски.

    Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајковски повикувајќи ги вевчанци довербата да му ја дадат повторно на Кочовски и советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ, посочи дека централната власт ќе и стои на располагање на локалната власт и оти заеднички ќе направат многу.

    – Заеднички ќе направиме и тоа што не е ветено, заеднички ќе ги задоволиме вашите потреби, заеднички изградиме и доградиме она што не успеа во претходните три години кога немаше поддршка од централната власт, рече Сајковски.

    Кандидатот и актуелен градоначалник Кочовски посочи дека пред четири години застанал пред сограѓаните со јасна и чиста заложба дека ќе работи за доброто на секој.

    – Ветив дека Вевчани ќе биде општина за сите, без поделби, без предрасуди, без разлика на партиска припадност, убедливост или различност. Денес по четири години можам гордо да застанам пред вас и да кажам дека ветеното го исполнив, рече Кочовски, нагласувајќи дека со тимот изградиле функционална општина достапна за своите граѓани. 

    – Нашата визија за Вевчани е поголема од четири години. Нашата визија за иднината во која младите остануваат тука, а секој жител се чуствува сигурен, перспективен и достоинствен. Затоа денес повторно ја барам вашата доверба, не како градоначалник, туку како човек кој ќе ја оправда вашата доверба. За да ги завршиме започнатите проекти, но и за да отвориме нови перспективи со цел да го направиме Вевчани пример на локална самоуправа, која навистина работи во интерес на народот, истакна Кочовски.

    Потсетувајќи на реализираните проекти во изминатите четири години, тој вети дека приоритет ќе остане инфраструктурата, но ќе се инвестира и во повеќефункционално игралиште, реконструкција на старата кино сала, доградба на градинката, како и нови и водоводни и канализациски линии….. Вети инвестиции и во културата со акцент на вевчанскиот карневал, како и во здравството со реконструкцијата на ЈЗУ „Здравствен дом“…

    Прочитај повеќе

    Историски удар на нарко-пазарот: Запленет речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра

    08.06.2026 во 16:25

    Убиен маж од српско потекло во Барселона, напаѓачот во бегство

    08.06.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.