Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски и Сиљановска признаа, Преспанскиот договор не го загрозил македонскиот идентитет

    Филипче: Мицкоски и Сиљановска признаа, Преспанскиот договор не го загрозил македонскиот идентитет

    18.05.2026 во 20:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски и Сиљановска признаа, Преспанскиот договор не го загрозил македонскиот идентитет, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на Македонската радио телевизија.

    Филипче посочи дека ако се споредат поранешните со сегашните ставови на Сиљановска-Давкова и Мицкоски за Преспанскиот договор, јасно се гледа дека тие свесно со својата пропаганда ја манипулирале јавноста.

    „Како говореше сегашната претседателка Сиљановска-Давкова, дека Преспанскиот договор е предавство, дека го загрозува националниот идентитет и дека таа никогаш нема да го користи уставното име. Како говореше премиерот Христијан Мицкоски дека тој е ВМРО-ДПМНЕ и дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Жената била свесна дека лажела, дека кога говорела дека тоа е спротивно на нашиот Устав, меѓународното право, тоа никако сепак не го загрозува националниот идентитет. И тоа е исто за целата пропаганда на ВМРО“, рече  Филипче.

    Воедно, Филипче потсети и на членот 7 од Преспанскиот договор, кој, како што рече, јасно го признава постоењето на македонскиот народ, култура, јазик и историја.

    „Таму има и член 7 кој вели дека овде има народ со своја култура, јазик и историја. Значи не е загрозен народот, културата и историјата“, нагласи тој.

    Тој додаде дека највисоките државни функционери на Владата на ВМРО применуваат двојни стандарди пред меѓународната и домашната јавност.

    „Луѓето свесно лажат. Тогаш не би говореле пред странците дека договорите се добри. Еве сега признаа дека сето тоа било една црна кампања дека сме ние предавници, дека Преспанскиот договор го загрозува народот, идентитетот и јазикот, а не е тоа вистината“, рече Филипче.

    Во интервјуто, Филипче нагласи дека СДСМ секогаш бил конзистетен во ставовите и политиките, особено во однос на европскиот пат, додавајќи дека единствениот начин за напредок на земјата и подобра иднина за сите граѓани, е членството во Европската Унија.

    „Ние сме конзистентни во нашите политики, без разлика дали сме во опозиција или на власт. Нема друг пат за оваа држава, освен европскиот пат. Нема друга иднина, освен европската, за државата. Но, оваа пропаганда која власта ја имплементираше и за време на опозициските години и сега продолжува, постепено се распаѓа“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.