- Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент
- Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари
- Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец
- Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
- Трамп по враќањето од Кина: Само САД и Пекинг можат да го извлечат иранскиот „нуклеарен барут“ од урнатините
- Трамп бара кинеска помош за војната со Иран, Си претпазлив околу Ормутскиот Теснец
- Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува
- УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата
Author: Author 03
Шпанија донесе одлука со која воведува забрана за транзит на американски авиони и бродови што превезуваат оружје, муниција или воена опрема за Израел преку воените бази во Рота (Кадис) и Морон де ла Фронтера (Севиља), пренесуваат шпанските медиуми. Овој потег доаѓа откако Мадрид претходно воведе ембарго за директна испорака на оружје кон Израел. Новата мерка ќе влијае на сите транспорти, без разлика дали одат директно или преку посредни локации. Иако Шпанија не врши инспекции на американските авиони и бродови, извори објаснуваат дека сојузништвото со Вашингтон се темели на меѓусебна доверба. Сепак, официјален Мадрид останува цврст во ставот против воената поддршка…
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. На средбата, вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот со владината програма во делот на капиталните проекти и вклученоста на Македонија во регионалните инфраструктурни проекти со што сe дава придонес во развој и промоција на регионалната соработка. Се разговараше и за можностите и услови за инвестирање што ги нуди Македонија и јакнење на економската соработка. Исто така, вицепремиерот Николоски ја отвори и темата за поквалитетна поврзаност меѓу двете земји и можностите за зголемување на авиолиниите меѓу Македонија и Шведска. На средбата…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, а откако најави мировен договор за Појасот Газа и ветувајќи вето на евентуалната израелска анексија на окупираниот Западен Брег. -Имаме вистинска шанса да постигнеме нешто големо на Блискиот Исток. Сите се подготвени за нешто посебно. Ќе успееме – напиша Трамп синоќа на неговата платформа Трут соушл. Ова ќе биде нивна четврта средба од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари 2025 година. Иако американскиот претседател постојано ја нагласува својата поддршка за Израел, неговите предлози за прекин на војната – започната по нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година – често се разликуваат…
САД ќе воведат царина од 100 проценти на сите филмови направени надвор од земјата, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. „Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат бомбони од деца. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам царина од 100 проценти на сите филмови направени надвор од Соединетите Американски Држави. Ви благодарам за вашето внимание. ДА ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! Претседателе DJT“, објави тој. Според Ројтерс, Трамп се закани дека ќе…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека извидувачки дронови, кои најверојатно ѝ припаѓаат на Унгарија, го нарушиле воздушниот простор на Украина долж границата. Ова е прв ваков пријавен инцидент. Во изјава објавена на социјалната мрежа Икс, Зеленски рече дека украинските сили забележале упади на дронови над пограничните области и дека прелиминарните проценки сугерираат оти беспилотните летала „спроведувале извидување на индустрискиот потенцијал на пограничните области на Украина“. Наредив да се проверат сите достапни информации и да се достават итни извештаи за секој регистриран инцидент, рече Зеленски.
Тајфунот Буалој, локално познат како Опонг, ги погоди источните делови на Филипини со обилни дождови и силни ветрови, при што загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 433.000 жители се раселени, соопштија властите денеска. Буалој синоќа погоди делови на покраината Источен Самар со постојани ветрови од 120 километри на час и удари од 165 километри на час, информираше државната метеоролошка служба. Денеска тајфунот уште пет пати ја зафати земјата, во провинциите Масбате, Ромблон и Ориентален Миндорo, пред да ослабне во силна тропска бура. Моментално ветерот достигнува до 110 км/ч со удари до 150 км/ч. Според заменик-администраторот на националната служба за…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека Израел мора ја заврши работата против Хамас во Газа и рече дека признавањето на палестинска држава е лудо додека неколку делегации ја напуштија салата за време на неговото обраќање пред Обединетите нации. Во говорот, Нетанјаху вети дека ќе продолжи со офанзивата насочена кон градот Газа игнорирајќи ја меѓународната осуда дека тоа ќе ја влоши хуманитарната криза во Газа, која обвинителите од Меѓународниот кривичен суд ја осудија како воено злосторство. „Последните остатоци од Хамас се кријат во градот Газа. Израел мора да ја заврши работата за да избегне соочување со напади како оние на 7…
Германски турист бил пронајден мртов на грчкиот остров Крит. Според локалните медиуми, други посетители на плажата ги повикале службите за итни случаи околу 13:30 часот во четврток попладне. Според првичните извештаи, починатиот е 66-годишен Германец. Мажот наводно бил пронајден во близина на Ханија, на северозападниот дел од островот. Плажарите наводно го пронашле безживотното тело на карпи покрај морето. Мажот бил однесен со амбулантно возило во болница во Кисамос, но неговата смрт била констатирана таму. Полицијата покрена истрага за да се утврди точната причина за смртта, а наредена е и обдукција .
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти е близу до постигнување договор за крај на војната во Газа, пренесува Ројтерс. Како што им изјави на новинарите на излегување од Белата куќа, договорот за враќање на израелските заложници е близу. Синоќа, Трамп изјави дека во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочил дека „договорот“ во врска со ситуацијата во Газа е „прилично блиску“.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година до крајот на оваа 2025.та година неработни денови се: За сите граѓани на РМ • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,• 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,• 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од католичка вероисповед • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,• 25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ. За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ• 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука За граѓаните припадници на еврејската заедница…
