Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата
    • Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

    УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

    30.09.2025 во 19:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. 

    -Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните, посочуваат од УЈП за МИА. 

    Во објавата на ИРЛ беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции. 

    -Ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на принципите на законитост, транспарентност и професионализам, и ќе продолжи да спроведува нулта толеранција кон секое однесување што ги нарушува овие вредности. Граѓаните можат да бидат уверени дека УЈП ќе продолжи да делува исклучиво во јавен интерес, со највисоко ниво на етика, одговорност и отчетност, нагласуваат од УЈП.

    ИРЛ во неделата објави документарен филм за пожарот во Кочани, во кој беа споменати вработени лица на УЈП на начин што упатува на непочитување на законските прописи и интерните акти на институцијата

    Прочитај повеќе

    Скопјанец нападнат на улица среде бел ден

    08.10.2026 во 09:07

    Малолетно момче преживеало хорор во Центар

    08.10.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.