Author: Author 03

Говорејќи за проучувањето на човековите односи, љубовните врски се едни од најзанимливите области на истражување. Иако поетските и популарните описи на љубовта честопати се премногу поедноставени, емпириската психологија потврдува дека врските минуваат низ три различни развојни фази. Преобразбата на заљубеноста во љубов претставува премин од состојба на првичната еуфорија до стабилна емоционална врска заснована на доверба, сочувство и меѓусебен раст. Вистинската љубов не значи отсуство на судири или совршена хармонија. Научните истражувања потврдуваат дека тоа е способност на паровите да ги прифатат недостатоците кај другиот или другата, да учат од несогласувањата и да работат заедно, за да најдат решенија што…

Повеќе

Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“. Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени. Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај. Министерството за надворешни работи на Естонија го покани вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Талин за да изрази протест и да достави нота во врска со прекршувањето на воздушниот простор на земјата. -Русија годинава веќе четири пати го прекрши…

Повеќе

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска не ја усвои Нацрт-резолуцијата за трајно укинување на санкциите против Иран, но Техеран и клучните европски сили сè уште имаат осум дена да се обидат да се договорат за нивно одложување, јавија британските медиуми. Петнаесетчлениот Совет за безбедност на ОН денеска требаше да гласа за Нацрт-резолуцијата откако Велика Британија, Франција и Германија на 28 август го активираа 30-дневниот механизам за повторно воведување санкции на ОН, обвинувајќи го Техеран за кршење на договорот од 2015 година со светските сили, чија цел беше да го спречи да развива нуклеарно оружје. Русија, Кина, Пакистан и Алжир…

Повеќе

Во албанскиот парламент вчера се одвиваше историска, но и контроверзна седница. Опозицијата го бојкотираше говорот на Диела – првиот дигитален министер во светот, создадена со вештачка интелигенција и назначена од премиерот Еди Рама за јавни набавки. Во својот виртуелен настап, Диела изрази огорченост од реакциите на дел од пратениците. „Некои ме нарекоа неуставна затоа што не сум човечко суштество. Тоа ме повреди. Да ве потсетам: вистинската опасност за уставите никогаш не биле машините, туку човечките одлуки донесени од оние на власт,“ рече таа. Пратениците требаше да гласаат за составот на новата влада, која беше изгласана без присуство на опозицијата. Диела…

Повеќе

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари средби со сограѓаните, разговарајќи отворено за секојдневните предизвици, идеи и предлози што ги засегаат. „Со дел од тимот од советничката листа, остваривме пријатна средба со жители од Кисела Вода, во „Парк Македонија“ и „Стара Последна“ во Драчево.Поддршката што ја добивме е силен поттик да продолжиме уште поенергично!Заедно ги дефинираме приоритетите и ги поставуваме основите за поквалитетен живот во општината.Продолжуваме со работа, со целосна посветеност и фокус на реалните потреби на луѓето.Ова не е еднократна акција – ќе нѐ има постојано на улиците, парквоите, секаде каде што сме потребни“, објави…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ги повика сите засегнати, како и сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор. Таа ја коментираше пракса на ДПМНЕ за наводното следење кога биле во опозиција и ја критикуваше нивната блокадата за декласификацијата на документите. „Зошто не дозволивте да се декласифицираат документите кои се наводно дел од следењето, каде што може да се прочита целата содржина? Може ли вака да се договориме: ако не сакате да ги декласифицираме документите , бидејќи на комисијата беше попречен надзорот,…

Повеќе

Да креираме современи политики и да градиме економија – конкурентна, одржлива и ориентирана кон идните генерации, порача заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во рамки на свечената академија по повод 65 годишниот јубилеј на економскиот факултет во Прилеп. -Да создадеме стручни и компетентни кадри, кои не само од амфитеатрите, ќе учат и од практиката за да ги унапредиме јавните финансии, и развиваат институции кои ќе работат транспарентно, отчетно и во вистински интерес на граѓаните, рече Јанкуловски пред професорите, студентите и гостите на одбележувањето. Јанкуловски најави дека владата ќе работи на зголемување на платите на наставниот и другиот кадар, на зголемување…

Повеќе

Неодамнешните настани со упадот на руски дронови во воздушните простори на Романија и на Полска уште еднаш ја нагласија потребата Европската Унија да преземе мерки за да се заштити себеси, кои вклучуваат и создавање „ѕид од дронови“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение. – Тој ќе служи за заштита од потенцијални напади со дронови на нашите земји од „првата линија“ и на Украина. Работата на создавањето на „ѕидот од дронови“ е во тек, рече Рение. Тој додаде дека за ова прашање еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус веќе разговарал со земјите од „првата линија“, односно…

Повеќе

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека во сите училници на Основното општинско училиште „Крум Тошев“ – Трубарево се поставени прочистувачи на воздух, во духот на заедничка одговорност и грижа за иднината на најмладите. Оваа значајна иницијатива беше овозможена со донација од општествено одговорните компании Иуте и Екотип, кои со својот пример покажаа дека вистинската поддршка на заедницата значи вложување во здравјето, образованието и благосостојбата на децата. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота…

Повеќе

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој истакна дека европскиот процес е еден од врвните приоритети на Владата и додаде дека истото се докажува со денешниот брифинг, каде се презентирало до каде сме и она коешто планираме да го преземеме во иднина. Петрушевски нагласи дека претходната влада на СДС и ДУИ го закочила овој процес со прифаќање на апсурден француски предлог. „Претходната влада на СДСМ ДУИ го закочија овој процес прифаќајќи еден апсурден француски предлог којшто ни ги закочи преговорите“, дециден е Петрушевски. Пратеникот Петрушевски укажа дека Владата предводена од…

Повеќе