Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    11.06.2026 во 08:52

    Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени

    11.06.2026 во 08:50

    Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти

    11.06.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
    • Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
    • Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
    • Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
    • Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
    • Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
    • Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
    • Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стручно мислење: Љубовта има три фази

    Стручно мислење: Љубовта има три фази

    19.09.2025 во 22:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Говорејќи за проучувањето на човековите односи, љубовните врски се едни од најзанимливите области на истражување. Иако поетските и популарните описи на љубовта честопати се премногу поедноставени, емпириската психологија потврдува дека врските минуваат низ три различни развојни фази.

    Преобразбата на заљубеноста во љубов претставува премин од состојба на првичната еуфорија до стабилна емоционална врска заснована на доверба, сочувство и меѓусебен раст. Вистинската љубов не значи отсуство на судири или совршена хармонија. Научните истражувања потврдуваат дека тоа е способност на паровите да ги прифатат недостатоците кај другиот или другата, да учат од несогласувањата и да работат заедно, за да најдат решенија што ќе ја направат врската трајна. Концептот на „трите фази на љубовта“ е во согласност со бројни теоретски модели во социјалната психологија и развојната психологија на врските.

    1. Фаза на возбуда и еуфорија

    Сè е лесно, сè е составено од насмевки и нежност, проблеми не постојат, а светот изгледа како „бајка“… Оваа фаза е доминирана од силна емоционална возбуда, интензивна привлечност и идеализација на партнерот /-ката.

    Невробиолошкото истражување на д-р Хелен Фишер од Институтот „Кинси“ во САД, заклучува дека мозоците на вљубените покажуваат зголемена активност во центрите за награда, особено во допаминските патишта, што создава чувство на еуфорија и „слепа“ заљубеност. Когнитивно, партнерите обрнуваат внимание на сличностите, а несовршеностите се игнорираат.

    2. Фаза на диференцијација и конфликт

    „Маските“ паѓаат… На виделина излегуваат првите недоразбирања, мали бесмислени расправии, но и зборовите што можат да повредат. Ова е најтешката фаза, бидејќи тогаш многумина се откажуваат. Во оваа фаза се гледа силата на врската – дали сме подготвени да градиме, да се поправаме, да простуваме… Или ќе се откажеме од сè по првата караница? Како што врската созрева, почнува природното откривање на вистинските одлики на партнерот – „без маската“. Партнерите ги забележуваат разликите и несовршеностите еден кај друг.

    Џон Готман и неговите колеги, преку лонгитудинални студии на брачни парови, истакнуваат дека управувањето со кавгите е клучно за предвидување на долгорочната стабилност на врската.

    Недоразбирањата и расправиите не се нужно знак на некомпатибилност, туку нормален дел од процесот додека партнерите учат како да останат поврзани и покрај нивните разлики. Многу врски пропаѓаат во оваа фаза бидејќи им недостасува емоционална регулација, т.е. самоконтрола и комуникациски вештини.

    3. Фаза на зрела љубов и прифаќање

    Според стручњаците, но и воопшто, оваа фаза е најубава, иако не им се случува на сите двојки. Тоа е нивото на вистинската љубов. И двајцата ги гледаат несовршеностите на тој/таа до себе и сфаќаат дека токму тоа е она што ги зближува. Потоа учат да решаваат проблеми без викање, без лоши зборови, а со почит и љубов. Тука заљубеноста созрева и прераснува во љубов.

    Паровите кои успешно се движат низ фазата на конфликт влегуваат во третата фаза на вистинска посветеност. Стабилната емоционална врска значи меѓусебно почитување и способност за конструктивно решавање проблеми. Теоријата на приврзаност нагласува дека во оваа фаза, партнерите би требало да развијат чувство на сигурност и емоционална поддршка. Несовршеностите на партнерот повеќе не се восприемаат како закани, туку како елементи што ја продлабочуваат блискоста и интимноста. 

    Прочитај повеќе

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми

    10.06.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.