Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крај за наплатните рампи во Хрватска: Од март 2027 се воведува нов дигитален систем за наплата
    • Напад со меч во училиште во Шведска: Има повредени, полицијата го застрела и го уапси напаѓачот
    • 82-годишник од велешко приведен поради семејно насилство: Подолг временски период ја тепал сопругата
    • Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар
    • Борба со огнена стихија: Повеќе од 15 пожари во земјава, Ангелов ги соопшти деталите за четирите најкритични точки
    • Силјановска-Давкова ги посети македонските спортисти во Таранто пред отворањето на Медитеранските игри
    • Серафимовски и Миланов во Белград: Побрз и побезбеден промет на храна и животни меѓу Македонија и Србија
    • Кривична пријава за 61-годишен жител на Желино: Повеќе од еден месец полово вознемирувал вработена во продавница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор

    Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор

    19.09.2025 во 22:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“.

    Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени.

    Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај.

    Министерството за надворешни работи на Естонија го покани вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Талин за да изрази протест и да достави нота во врска со прекршувањето на воздушниот простор на земјата.

    -Русија годинава веќе четири пати го прекрши естонскиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но денешното прекршување, за време на кое три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е невидено брутално“, изјави шефот на естонската дипломатија, Маргус Цакна.

    Зголеменото гранично тестирање и агресија на Русија мора да се соочат со брзо растечки политички и економски притисок, додаде естонскиот министер.

    Претходно овој месец, Естонија веќе побара средба со рускиот вршител на должноста амбасадор во Талин за да изрази протест откако руски хеликоптер МИ-8 го наруши естонскиот воздушен простор во близина на островот Виндло.

    Прочитај повеќе

    Крај за наплатните рампи во Хрватска: Од март 2027 се воведува нов дигитален систем за наплата

    21.08.2026 во 16:49

    Напад со меч во училиште во Шведска: Има повредени, полицијата го застрела и го уапси напаѓачот

    21.08.2026 во 16:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.