Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот
    • Таткото во паника брзо влегол во ординацијата – тригодишно дете исчезна во Ханиоти на Халкидики
    • Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб
    • СДСМ: Кој е Милко Бошковски?
    • Скопје меѓу најтоплите градови, температурите во 11 часот – Попладнево следи пресврт
    • Крај на лајковите, филтрите и сториите? Инстаграм и Фејсбук се соочуваат со најголемиот удар досега – Мета пред историско судење во САД
    • Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста
    • Млад човек во Хрватска е казнет со 600 евра поради објава на Инстаграм
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ работи на создавање „ѕид од дронови“

    ЕУ работи на создавање „ѕид од дронови“

    19.09.2025 во 20:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неодамнешните настани со упадот на руски дронови во воздушните простори на Романија и на Полска уште еднаш ја нагласија потребата Европската Унија да преземе мерки за да се заштити себеси, кои вклучуваат и создавање „ѕид од дронови“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение.

    – Тој ќе служи за заштита од потенцијални напади со дронови на нашите земји од „првата линија“ и на Украина. Работата на создавањето на „ѕидот од дронови“ е во тек, рече Рение.

    Тој додаде дека за ова прашање еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус веќе разговарал со земјите од „првата линија“, односно членките на ЕУ што се наоѓаат долж источната граница на блокот кон Русија, Белорусија и Украина.

    – Сега тој ќе продолжи со својата работа со нив, за да се осигури дека можеме да го оствариме тој план, доколку навистина има интерес за него од земјите членки, нагласи Рение.

    Тој додаде дека за реализација на некои суштински компоненти од овој проект би можеле да се користат и средства од инструментот Безбедносна акција за Европа (САФЕ), доколку некоја од земјите членки поднесе такво барање во рамки на плановите што треба да бидат доставени до Еврокомисијата најдоцна до 30 ноември.

    Прочитај повеќе

    Таткото во паника брзо влегол во ординацијата – тригодишно дете исчезна во Ханиоти на Халкидики

    18.08.2026 во 11:45

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.