Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Трамп: Дизелот нагло ќе поевтини
    • Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
    • Можно одложување на палестинските парламентарни избори: На претседателот Абас му е препорачано гласање во септември 2027 година
    • Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Сите училници во ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево добија прочистувачи за воздух

    Стефковски: Сите училници во ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево добија прочистувачи за воздух

    19.09.2025 во 20:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека во сите училници на Основното општинско училиште „Крум Тошев“ – Трубарево се поставени прочистувачи на воздух, во духот на заедничка одговорност и грижа за иднината на најмладите.

    Оваа значајна иницијатива беше овозможена со донација од општествено одговорните компании Иуте и Екотип, кои со својот пример покажаа дека вистинската поддршка на заедницата значи вложување во здравјето, образованието и благосостојбата на децата.

    Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали.

    Како локална самоуправа, заедно со училиштето, вложуваме напори за континуирано подобрување на условите во кои учат и растат нашите деца. Иако последните испитувања на квалитетот на амбиенталниот воздух во Трубарево покажуваат позитивни резултати, сепак, со оваа активност правиме дополнителен чекор напред – обезбедуваме 100% чист и контролиран воздух во затворените училишни простории.

    Со поставувањето на прочистувачите за воздух во сите училници, овозможуваме:
    Почиста и побезбедна средина за учениците – без прашина, алергени и загадувачи
    Поддршка за наставниците и вработените – со здраво работно опкружување
    Превентива и грижа за јавното здравје
    Долгорочна инвестиција во здравјето и благосостојбата на идните генерации
    Ова не е само техничка опрема – ова е порака дека секое дете заслужува безбедно и здраво место за учење, независно каде живее.

    Ви благодариме за искрената поддршка, за општествената одговорност и за тоа што покажувате дека приватниот сектор може и треба да биде дел од решенијата.
    Како општина, ќе продолжиме со политики и активности кои го ставаат здравјето и добросостојбата на граѓаните – особено на децата – на прво место. Веруваме дека ваквите соработки меѓу јавниот и приватниот сектор се патот кон поквалитетен живот за сите.
    Заедно правиме разлика. Заедно градиме подобро утре, напиша Стефковски на ФБ.

    Featured Top News
    Прочитај повеќе

    Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

    09.10.2026 во 19:34

    Инвестиција од 1 милион евра во Чаир: Во завршна фаза изградбата на новиот училиштен базен во ОУ „7 Март“

    09.10.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.