- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
- СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст
- Митева: Нема мешање во правосудството, но нема ниту толеранција за корупцијата
- Министерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во Кочани
Author: Author 03
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми. Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја почитува улогата и автономијата на медиумите. Јавното дискредитирање или етикетирање на новинари и медиуми создава атмосфера на притисок, го поткопува јавниот дијалог и може директно да влијае врз безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите. Медиумите не смеат да бидат третирани како политички…
Франција засега нема да се приклучи на Одборот за мир што го формираше американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот статут не е во согласност со резолуциите и Повелбата на Обединетите нации, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи. Портпаролот Паскал Конфавро истакна дека Одборот не ја следи првичната мисија за решавање на конфликтот во Газа, кој воопшто не е споменат во документот. Тој додаде дека одредени елементи од статутот на советот се во спротивност со меѓународното право. Белата куќа претходно соопшти дека, покрај САД, во Одборот веќе учествуваат земји како Бугарија, Турција, Саудиска Арабија, Египет, Аргентина, Казахстан и Косово.
Германската полиција спречи обид за напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во хангар на аеродромот во градот Арнсберг, соопшти канцеларијата на државниот обвинител. „Полицијата спречи три лица да се обидат да го оштетат приватниот спортски авион на германскиот канцелар во ноќта меѓу среда и четврток“, соопшти државното обвинителство во Арнсберг, каде што се наоѓа и приватната адреса на Фридрих Мерц. Групата што ја презеде одговорноста за обидот за напад наведе дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, без дозвола влегле на аеродромот Арнсберг-Менден. Според соопштението, полицијата интервенирала навреме и спречила…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос побарал дополнителни ракети „Патриот“ и други системи за воздушна одбрана за Украина. Средбата се одржа во рамки на Светскиот економски форум во Швајцарија, во период кога американски претставници се подготвуваат за нови разговори во Москва со рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски, исто така, ја отворил можноста за трилатерални разговори меѓу руски, украински и американски тимови, кои би се одржале во Обединетите Арапски Емирати на 23 и 24 јануари. Трамп и Зеленски разговарале повеќе од еден час во Давос, а американскиот претседател ги оцени…
Бројот на загинати во сударот на возови кај Адамус во шпанската провинција Кордоба се зголеми на 45, откако спасувачките екипи пронашле уште два тела, соопштија властите на шпанската автономна заедница Андалузија. Според информациите, повредени се 123 лица, од кои шест се во тешка состојба. Телата, како што јавува RTVE, биле пронајдени во еден од оштетените вагони на возот, а според првичните податоци, се работи за последните две лица кои беа водени како исчезнати. Претходно, цивилната гарда соопшти дека се трага по „уште две исчезнати лица“ меѓу остатоците од композицијата.
На 22 јануари 2022 година, на 66-годишна возраст почина пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски. Беше фасциниран со рок музиката и ја користеше секоја прилика да набави понекој винил од странство. Со 15 години беше уредник на Радио Скопје, со 16 веќе свиреше клавијатури во македонскиот бенд „Тор“, кој набргу останува без пејач. Тогаш судбината вмеша прсти и го турна пред микрофонот. „Парни ваљак“ е основан во 1975 година, откако гитaристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ Хус го видел настапот на Аки. Во 30-годишната кариера на „Парни ваљак“ објавил 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации, две…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата администрација преговара за договор што ќе им овозможи на САД „целосен пристап“ до Гренланд, што, како што рече, е клучно за националната безбедност. -Сè доаѓа преку Гренланд. Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд. Тоа е прилично непроценливо. Тоа е неверојатно. Знаете, (поранешниот американски претседател) Роналд Реган ја имаше таа идеја одамна, но во тоа време немавме никаква технологија. Концептот беше одличен, но немаше технологија. Сега имаме неверојатна технологија, рече Трамп. Тој објасни дека САД и НАТО постигнале „рамка за иден договор“ за пристап на САД до оваа територија.…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати на Светскиот економски форум во Давос со остар говор, во кој ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, неодлучноста, одолговлекувањето и прекумерното потпирање врз Соединетите Американски Држави во клучните безбедносни прашања, вклучително и Украина и Гренланд, објави Би-би-си. Зеленски го започна обраќањето со алузија на филмот „Бескраен ден“, во кој главниот лик постојано го проживува истиот ден. Тој истакна дека никој не сака да живее во таков циклус на повторување со денови, недели, месеци и години, додавајќи дека токму така, според него, денес функционира светот. Тој оцени дека во последните денови глобалното…
Силното зимско невреме што го погоди Италијанскиот брег и дел од Медитеранот предизвика огромни материјални штети, а првичните процени покажуваат дека само на Сицилија загубите изнесуваат околу 740 милиони евра. Високи бранови, силен ветер и обилни врнежи од дожд нанесоа сериозни оштетувања и на островот Сардинија, додека на копнениот дел од Италија најпогоден е јужниот регион Калабрија. Невремето „Хари“, кое беснее со денови, целосно ги поплави плажите на Сицилија, а бројни крајбрежни патишта беа под вода. Силниот ветер кршеше излози и оштети угостителски објекти. Сериозен инцидент е регистриран и на железничката линија меѓу Месина и Катанија, каде што дел од…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
