Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Четири години без Аки Рахимовски

    Четири години без Аки Рахимовски

    22.01.2026 во 18:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 22 јануари 2022 година, на 66-годишна возраст почина пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски.

    Беше фасциниран со рок музиката и ја користеше секоја прилика да набави понекој винил од странство. Со 15 години беше уредник на Радио Скопје, со 16 веќе свиреше клавијатури во македонскиот бенд „Тор“, кој набргу останува без пејач. Тогаш судбината вмеша прсти и го турна пред микрофонот. „Парни ваљак“ е основан во 1975 година, откако гитaристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ Хус го видел настапот на Аки.

    Во 30-годишната кариера на „Парни ваљак“ објавил 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации, две конценртни ДВД-а. Меѓу нив и еден од најпродаваните хрватски албуми на сите времиња и најпродавани албуми снимени во живо „Без струја – Live in SeKaeM“.

    Аки во 2007 година издаде соло албум „Во време на загубените“, а во 2008 година во Умаг одржа концерт со пријателите. Аки ги пееше најубавите љубовни песни, меѓу бројните песни со кој засекогаш ја одбележа својата интерпретација се „Љубавна“, „Неда“, „Проклета недеља“, „Лутка за бал“, „Као ти“, „Ухвати ритам“, „Угаси ме“, „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Заставе“, „Загреб има исти позивни“, „Моја је песма лагана“, „Страница дневника“, „Пусти нек траје“… Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје. Татко му бил професор и на седум години почнал да посетува музичко училиште, каде учел да свири клавир. Подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи.

    Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.