- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Коалицијата на дело и во опозиција, ДУИ и СДС во брак против животите и безбедноста на граѓаните. СДС и ДУИ, коалицијата Али и Венко денеска заедно на дело во Собранието гласаа против проектот безбеден град. Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и во опозиција и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните.Денеска тие јасно застанаа против проектот Безбеден град, реагираше на прес-конференција Никола Мицевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Денес тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој овозможува функционирање на овој проект за почеток во Скопје, Куманово и Тетово, а…
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Тирк, денеска на итна седница на Советот на ОН за човекови права во Женева упати остар апел до иранските власти да ја прекинат репресијата врз учесниците во антивладините протести. Обраќајќи се пред Советот, Тирк изјави дека илјадници луѓе, меѓу кои и деца, биле убиени во, како што ја опиша, „бруталната репресија“ спроведена од иранските власти врз демонстрантите. „Ги повикувам иранските власти да ја преиспитаат својата одлука, да се повлечат и да ја запрат бруталната репресија“, рече Тирк. Тој оцени дека постапките на безбедносните сили претставуваат „образец на потчинување и прекумерна употреба…
На 22.01.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, Г.Г.(48) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на игралиште на подрачје на Центар во Скопје, три лица, од кои едниот со употреба на остар предмет, со закани од неговиот малолетен син, кој бил со двајца другари, одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Шпанија одлучи да не се приклучи на „Одборот за мир“ инициран од американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека предложениот механизам има преширок и нејасно дефиниран мандат, се позиционира надвор од институционалната рамка на Обединетите нации и ја изоставува Палестинската управа од процесите за решавање конфликти, вклучително и војната во Газа. По самитот на Европската Унија во Брисел, шпанскиот премиер Педро Санчез порача дека Мадрид останува доследен на принципите на мултилатерализмот, меѓународното право и легитимитетот на ОН, нагласувајќи дека овие столбови се клучни за секоја одржлива мировна иницијатива. Иницијативата беше претставена на Светскиот економски форум во Давос како платформа наменета за…
Претставници на Русија, Украина и Соединетите Американски Држави денеска се состанаа во Абу Даби, со што официјално започнаа првите трилатерални разговори од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се оценува како исклучително значајна за Киев и се смета за тест кој треба да покаже дали Москва е подготвена искрено да се вклучи во мировен процес или, пак, разговорите ги користи како тактика за добивање време. Овие преговори доаѓаат по неодамнешната средба на рускиот претседател Владимир Путин со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп во Москва. По таа средба, Кремљ соопшти дека разговорите биле „корисни“, но…
Данска издала воена наредба со која трупите распоредени на Гренланд се ставаат во зголемена подготвеност, вклучително и можност за борбено дејствување во случај на напад од Соединетите Американски Држави врз оваа автономна територија, објави данскиот јавен сервис „ДР“. Според информациите на „ДР“, наредбата била издадена минатата недела и предвидува војниците на Гренланд да бидат опремени со боева муниција. Во документот, како што се наведува, се опишува „операција во повеќе фази“, која остава простор и за евентуално испраќање дополнителни војници и воени капацитети во подоцнежна фаза. Јавниот сервис не објави конкретни детали од планот, а информацијата ја пренесува и британскиот весник…
Во тек е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот американски пратеник Стивен Виткоф и со бизнисменот Џаред Кушнер, соопшти прес-службата на Кремљ. Главна тема на разговорот е изнаоѓањето решение за конфликтот во Украина. Како што претходно најави Путин, со американските преговарачи планирано е да се разговара и за евентуалната покана до Русија за приклучување кон Одборот за мир, како и за судбината на дел од руските имоти кои беа замрзнати во САД за време на претходната американска администрација. Се очекува детали за исходот од средбата подоцна да соопшти помошникот на шефот на државата, Јуриј Ушаков, преку телефонски брифинг…
Иако со децении беше една од најфотографираните жени во светот, кралицата Елизабета II, таа имала мала, многу човечка несигурност. За разлика од многу познати личности, тоа не била строга забрана или кралско правило, туку лична непријатност што со текот на времето прерасна во интересна анегдота. Британскиот фотограф Ранкин, кој ја фотографираше кралицата по повод нејзиниот Златен јубилеј во 2002 година, подоцна откри детаљ од снимањето што го изненади во интервјуа и како гостин во подкастот „Tea With Twiggy“. Кога ѝ предложил да позира држејќи меч – симболично, моќно и кралски – Елизабета, според него, го погледнала и едноставно рекла: „I…
Данска гледа можност за нови преговори со Соединетите Американски Држави за зајакнување на безбедноста на Гренланд, по објавувањето на рамковниот договор меѓу претседателот Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. -Се отвори можност повторно да водиме реални преговори меѓу Данска и Гренланд, од една страна, и САД, од друга страна, изјави данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Марија Малмер Стенергард во Стокхолм. Трамп во Давос изјави дека разговорите со Руте резултирале со „рамковен договор“ за автономната данска територија. Иако деталите за компромисот не се објавени, Трамп истакна дека САД…
Трансатлантските односи дефинитивно претрпеа голем удар минатата недела, но мислам дека во оваа една година научивме дека овие односи не се исти како што беа претходно, изјави вечерва високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел. – Ние од европска страна, не сме подготвени да ги отфрлиме 80-те години добри трансатлантски односи поради несогласувања и сме подготвени да работиме на нив, рече Калас, додавајќи дека и мнозинството Американци ја гледаат Европа како свој најголем сојузник, па затоа ЕУ е подготвена да инвестираме време и енергија во тие…
