Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
    • Струмичко: Усмртен 47-годишен пешак
    • По тешкиот пораз: Мерц најавува осврт на „темелните прашања“
    • Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат
    • Син ми ми се заканува – загрижена скопјанка се јавила во полиција
    • 15-годишник со автомобил предизвикал сообраќајка, полицијата приведе тројца малолетници без возачки
    • Метео-аларм: Нестабилност со дожд и грмежи ја зафати околината на Демир Хисар и битолско
    • (ФОТО) И министерот Серафимовски рачно зажнеја ориз
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Калас: Не сме подготвени да ги отфрлиме 80-те години добри трансатлантски односи поради несогласувања

    Калас: Не сме подготвени да ги отфрлиме 80-те години добри трансатлантски односи поради несогласувања

    22.01.2026 во 23:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трансатлантските односи дефинитивно претрпеа голем удар минатата недела, но мислам дека во оваа една година научивме дека овие односи не се исти како што беа претходно, изјави вечерва високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел.

    – Ние од европска страна, не сме подготвени да ги отфрлиме 80-те години добри трансатлантски односи поради несогласувања и сме подготвени да работиме на нив, рече Калас, додавајќи дека и мнозинството Американци ја гледаат Европа како свој најголем сојузник, па затоа ЕУ е подготвена да инвестираме време и енергија во тие односи.

    Според неа, силата на ЕУ доаѓа од нејзиното единство кога е подготвена да дејствува за да ги одбрани нејзините интереси и дека тоа е сигналот што таа треба да го испрати и до нејзините противници, но и до сојузниците.

    Калас нагласи дека изминативе денови трансатлантските однос дефинитивно претрпеле удар, во што најмногу уживале Русија и Кина, кои, како што рече, се радуваат кога има неосгласувања меѓу САД и ЕУ.

    – Мислам дека сега на сите ни олесна по последните најави. Сега е важно да се фокусираме таму каде што навистина лежат проблемите, а тоа е војната во Украина што сè уште трае. Треба да се фокусираме на напорите за нејзино запирање. Видовме многу дипломатски напори за мир, но целосно еднострано. Не видовме никакви отстапки од руската страна. Напротив, тие ги зголемија своите напади врз цивилната инфраструктура во време кога Украина се соочува со многу тешка зима, рече Калас.

    Во врска со Одборот за мир во Газа формиран од американскиот претседател Доналд Трамп, Калас изјави дека неговото создавање е превидено со Резолуција на Советот за безбедност на ОН, но за ограничен период до 2027 година за да трасира јасен пат како Палестинците сами да ја преземат власта.

    – Сакаме да работиме за мир на Блискиот Исток и сакаме овој Одбор да биде ограничен со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, па ако го ограничиме тоа на Газа како што е предвидено, тогаш можеме да работиме и со него, додаде Калас.

    Прочитај повеќе

    По тешкиот пораз: Мерц најавува осврт на „темелните прашања“

    21.09.2026 во 17:14

    Голф слета во провалија, загинаа две девојки – Страшна несреќа кај Коњиц

    21.09.2026 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.