Author: Author 03

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“. „ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. Потребна ни е безбедна држава, правична држава. Денес, не утре! За 6 месеци ќе иницирам дебата со избирачите, особено во мојата изборна единица да се види како оди спроведувањето на законот и дали треба нешто да…

Повеќе

Методија е татко на две малолетни деца и во моментов се соочува со најтешката битка во животот- соочен е со дијагноза рак на желудник. Семејството бара помош во нивната заедничка борба да ја победат болеста. „Што им кажуваш на децата кога тато се бори за живот? Јас сè уште го барам одговорот… Мојот сопруг Методија, татко на нашите две деца од 10 и 14 години, се соочи со дијагноза која ни го смени животот преку ноќ – рак на желудник. Веста дојде ненадејно и нè остави без здив, без време за подготовка, само со еден страв – дали ќе успееме.…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните. „Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната…

Повеќе

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките малце полидерски, тие денес покажаа дека токму поради тоа што не ги слушаат граѓаните се во опозиција и таму треба да останат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија. Панова додаде дека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека за сите оние проекти кои се во интерес и се поддржани од граѓаните, може да…

Повеќе

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните. „Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на…

Повеќе

Илијана Јотова денеска стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка. Јотова му се заблагодари на Радев (шеф на државата во периодот 2017-2026 г.) за деветгодишната заедничка работа, нагласувајќи дека останале доследни на заложбата за работа во интерес на граѓаните и Уставот. „Благодарам што девет години бевме заедно и го одржавме нашиот најважен завет – да работиме единствено за интересите на бугарските граѓани со одговорност кон бугарскиот Устав“, изјави Јотова, пренесува БТА. Таа најави дека и во иднина ќе продолжи да работи со истата сила, храброст и…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими на средба гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески. Најпрво, гувернерот ги презентираше основните макроекономски показатели, а потем ја запозна со макроекономската политика. Тој го објасни влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, објаснувајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото. Претседателката се интересираше за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците и ризиците. Финалната оценка на гувернерот беше дека економијата е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата. Обајцата сметаат дека стручните и компетентни човечки ресурси се особено…

Повеќе

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. „Овој предлог закон доаѓа како повод на реакцијата на Уставниот суд којашто ја имавме, и поради тоа што не треба да се создаде простор за правна празнина на којашто укажуваше Уставниот суд, ги носиме овие брзи измени на Кривичниот законик, и секако не само заради Уставниот суд, и поради оној упад којшто го имавме во 2023 година, којшто беше направен од страна на…

Повеќе

Во рамки на Вториот состанок на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министрите за надворешни работи на земјите учеснички, денеска во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи на Република Турција со земјите од регионот, како и за пошироките регионални прашања од заемен интерес. Во време кога светот и регионот се соочуваат со сериозни предизвици, соговорниците ја истакнаа важноста од зајакнување на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу членките на Балканската платформа за мир. Заеднички беше оценето дека Балканот треба…

Повеќе

Покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, како законот за правосудство, КЗК и други, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвои и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери, велат од СДСМ преку писмено сооштение испратено до медиумите.  Одбија да прифатат строги и јасни правила за системот и во измените на Кривичниот законик. Проектот „Safe City“ е започнат во време на владата на СДСМ и од аспект на безбедноста во сообраќајот е значаен, но вака донесен Законот…

Повеќе