Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција во Тетово: Приведени две лица, пронајдени сомнителни предмети по судски претрес
    • Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
    • СДСМ поднесе Предлог-закон за директна помош на земјоделците: Филипче најави субвенции за лозарите, сточарите и полјоделците
    • Во тешка сообраќајка загина 26-годишниот пејач Горан
    • Температурен пресврт: Драстично се сменија температурите до 11 часот – УХМР информира за состојбата
    • Европа влегува во нов период на невообичаено топло време
    • Се урна противпожарен хеликоптер во Јосемити, загинаа двајца пилоти
    • Апсење на скопскиот аеродром
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

    Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

    23.01.2026 во 20:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните.

    „Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на владејачкото мнозинство користејќи го овој закон. Записниците ќе стигаат на јазикот на кој е заведен граѓанинот во личната карта, тоа е имплементирано во системот, во делот на важењето или неважењето на целата територија, најпрвин Законот за прекршоци важи апсолутно на цела територија на Македонија. Законот важи за сите, дали ќе биде санкциониран прекршок преку камера на Сејф сити или мобилен полицаец апсолутно ќе биде казнет. Во делот на приватноста имаме закони за лични податоци кои ја уредуваат оваа материја, не е ова прва камера што ја поставуваме на територија на Македонија за сега одеднаш, да се појавуваат сомнежи“, рече Петрушевски.

    Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.

    „Овој проект дава резултати уште во тест фаза, тоа го потврдуваат бројките и она кое што треба да го знаат сите е дека не завршува тука и дека ќе биде имплементиран низ целата територија на Република Македонија. Во периодот од кога функционира без казнување Сејф Сити, во тест период имаме само 2 смртни случаи, за 37% имаме помалку повредени како последица на сообраќајни несреќи или преку 20% помалку незгоди. За мене овие бројки се доволен доказ дека овој проект дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во Законот за прекршоци никаде не стои дека ќе се казнува само во Тетово, Куманово и Скопје, ќе се казнува на територија на цела Македонија, вели Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ поднесе Предлог-закон за директна помош на земјоделците: Филипче најави субвенции за лозарите, сточарите и полјоделците

    22.09.2026 во 11:46

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со пониски цени на горивата од земјите во регионот

    22.09.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.