- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Данска гледа можност за нови преговори со Соединетите Американски Држави за зајакнување на безбедноста на Гренланд, по објавувањето на рамковниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Се отвори можност повторно да водиме реални преговори меѓу Данска и Гренланд, од една страна, и САД, од друга страна“, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Марија Малмер Стенергард во Стокхолм. Трамп претходно, на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека разговорите со Руте резултирале со „рамковен договор“ за автономната данска територија. Иако деталите за постигнатиот компромис…
Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и позицијата на Македонија во актуелните геополитички динамики. Стефаноски оцени дека глобалниот поредок се наоѓа во фаза на трансформација и дека се менуваат политичките, економските и безбедносните рамнотежи на светско ниво. -Глобалниот светски поредок се распаѓа и се создава нов поредок. Тоа е динамичен процес кој отсекогаш се одвивал, рече тој, додавајќи дека САД настојуваат да го предводат новиот глобален безбедносен модел. Во анализата беше поставено прашањето како Македонија…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека чувствува олеснување по изненадувачката одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од воведување дополнителни царини за европските земји, во контекст на прашањето за Гренланд. „Многу сум благодарен што претседателот Трамп се воздржа од првичните планови за преземање контрола врз Гренланд. Исто така, благодарен сум што тој се откажа од наметнувањето дополнителни царини на 1 февруари“, изјави Мерц по пристигнувањето на самитот на Европската Унија во Брисел. Самитот првично беше свикан со цел изработка на заеднички европски одговор на заканите од Вашингтон. По најновите случувања, европските лидери ќе се насочат кон извлекување поуки…
Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Со ваучерите се добиваше лист хартија и спортистите сами се снаоѓаа како ќе го реализираат. Ние направивме систем за никој да не е оштетен. Никој, па ни јас не може да влијаам. Тоа зависи од резултати. Критериумите се однапред утврдени. Сега има незадоволни затоа што претходно некоја комисија си ја договарала распределбата и затоа сега има обвинение за нив. Со новиот систем не може да има привилегирани, но мора да биде јасно дека не можеме…
Шест лица се повредени вечерва во напад со нож на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен, каде во тој момент се одржувал протест, соопштија локалните власти. „Сите имаат убодни рани, а две од жртвите се во критична состојба“, изјави портпаролот на локалната полиција, Ваутер Браунс. Тој информираше дека полицијата привела две лица осомничени за поврзаност со нападот. „Полицијата успеа да уапси двајца осомничени кои, според првичните наоди, се измешале со демонстрантите“, рече Браунс. Четворица од повредените се пронајдени на плоштадот пред Операта, додека другите две лица биле повредени во две околни улици. Според белгиските медиуми, на местото на настанот…
Албанското собрание со 110 гласа „за“, еден воздржан и без ниту еден глас „против“ го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија во Одборот за мир, иницијатива покрената од американскиот претседател Доналд Трамп. Во договорот земјата ја претставува премиерот Еди Рама. Во рамки на седницата беше отфрлен и амандманот на опозициските пратеници со кој се бараше бришење на името на Рама од договорот. Амандманот не доби поддршка и беше одбиен со 79 гласа „против“, 30 „за“ и без воздржани. Опозицијата инсистираше Албанија во Одборот за мир да ја претставува претседателот на државата, Бајрам Бегај. Сепак, претседателот Бегај во меѓувреме му даде…
Американската амбасадорка Анџела Агелер, по три години поминати во Скопје како десетти амбасадор на САД, а пред заминувањето од земјата, упати писмо до граѓаните на Македонија. Во него, таа се навраќа на постигнатото, но испраќа и порака за иднината на земјата. Во продолжение ИНТЕГРАЛНО писмото на Агелер: Драги пријатели, Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на Соединетите Американски Држави во оваа прекрасна земја. Тогаш, како и денес, бев исполнета со понизност и длабоко почестена од извонредната привилегија да ја претставувам мојата голема нација во вашата. Кога ја презедов оваа улога, реков дека имам огромна верба во силата…
Најмалку 67 лица го загубија животот во катастрофалниот пожар што го зафати трговскиот центар „Гул Плаза“ во пакистанскиот пристанишен град Карачи, соопштија денеска локалните власти, откако беа пронајдени нови тела под урнатините. Судскиот лекар Сумаја Сиед изјави дека спасувачките екипи и натаму го пребаруваат објектот каде што пожарот избувна во саботата. Таа посочи дека идентификацијата на жртвите е исклучително отежната, бидејќи од поголем дел од телата останале само фрагменти. Според досегашните наоди од истрагата, пожарот избувнал во момент кога повеќето сопственици ги затворале своите продавници. Пламените јазици брзо се прошириле поради присуството на лесно запаливи материјали, меѓу кои козметика, облека…
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост до 150 метри има во околината на Кочани, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Како што информира АМСМ, екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди…
Елон Маск изјави дека до 2030 или 2031 година вештачката интелигенција би можела да стане попаметна од целото човештво заедно. Тој овој момент го опиша како „околу пет години од сега“ и предупреди дека развојот на AI технологијата може да напредува со исклучително брзо темпо. Оваа прогноза Маск ја изнесе во рамки на поширока дискусија за иднината на технологијата и потенцијалните ризици од појавата на суперинтелигентни машини. Ставовите во научната заедница се поделени: додека дел од експертите сметаат дека вакво ниво на развој е возможно, мнозинството верува дека станува збор за далечна и сè уште неизвесна перспектива.
