- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
РС Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи.Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди континуитет во водењето на економските политики, дури и во услови на зголемена глобална економска неизвесност. Во извештајот, „Стандард и Пурс“ нотира дека економскиот раст забрзува, поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во рамки на големите инфраструктурни проекти, како и од растот…
Во делови од Тексас, Оклахома и Канзас, како и на источниот брег на САД, веќе падна снег, што најавува голема зимска бура која, според прогнозите, ќе се развие викендов и ќе се протега од Карпестите Планини до крајот на Источниот брег. Американските власти информираат дека бурата ќе биде проследена со леден арктички бран. Метеоролошките служби предупредуваат на обилни снежни врнежи, замрзнат дожд и екстремно ниски температури, кои ќе зафатат околу две третини од источниот дел на САД. Се очекуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија, како и сериозни нарушувања во сообраќајот. Големите американски авиокомпании ги повикаа патниците на зголемена претпазливост,…
Рускиот напад врз украинските енергетски објекти во текот на ноќта покажува дека договорите за противвоздушна одбрана, постигнати со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос оваа недела, мора целосно да се спроведат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски и Трамп се сретнаа завчера на маргините на Светскиот економски форум во Давос, каде што разговараа за поддршката на воздушната одбрана на Украина. Притоа, не беа соопштени конкретни детали за договорите што биле постигнати на средбата. Во меѓувреме, вчера во Абу Даби се одржа првата рунда преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави. Според главниот украински преговарач Рустем Умеров, разговорите биле фокусирани…
„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна поддршка во процесот на откажување од оваа зависност. „Зависноста од никотин претставува медицински и јавноздравствен проблем. Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето, така што примарната цел на овој закон не е да…
Со измерени -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше најстуденото место во земјава. По него следуваат Попова Шапка и Крива Паланка, каде што беа измерени -3, односно -2 степени. Температура од -2°C е регистрирана во Пожаране и Тетово, -1°C во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, додека 0 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп. Во Крушево, Штип, Охрид и Виница утринската температура изнесуваше 1°C, 2°C беа измерени во Куманово и Гевгелија, а најтопло утринава беше во Струмица со 3 степени Целзиусови. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока снежна…
Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата, велат од МОН преку писмено соопштение испратено до медиумите. Магијата навистина е во знаењето, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. Најдобриот одговор е да се свртиме кон образованието и да укажеме дека секој може да придонесе тоа да биде поквалитетно, било како наставник, родител, општествено одговорна…
Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, на гостувањето во емисијата „Трилинг“, посочи дека актуелната власт, наместо да испорачува резултати, спроведува континуиран дефокус на јавноста преку медиумски напади и притисоци врз опозицијата. „Тој линч што ние го трпиме како партија моментално од власта преки одредени провладини медиуми ја нарушува цела етика на новинарска професија. Нонстоп да бидете нападнати, и да ја дефокусирате јавноста со тоа каде бил претседателот, мислам дека е дегутантно. Фокусот на провладините медиуми е Венко Филипче, затоа што власта не испорачува ништо за граѓаните“, потенцираше Трајановски. Тој посочи дека сето ова е обид да се сокрие неспособноста на власта…
Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам FITUR 2026 во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“, Средбата беше посветена на унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Кралството Шпанија, со акцент на јакнење на културната размена, промоција на македонското културно наследство и продлабочување на меѓусебното разбирање меѓу двата народа. Беа разменети искуства и можности за реализација на заеднички културни иницијативи и проекти. Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“, предводено од претседателката Оливера Лазаревска Санчез, активно работи на афирмација на македонската култура, традиција и идентитет во Шпанија, претставувајќи значаен мост…
СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот, реагираат од СДСМ утрово во писмено соопштение испратено до медиумите. Во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам си ги снимаше се гледа дека имал само неколку средби со негови партнери меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG. Политичката и бизнис спрега на релација Орбан-Мицкоски влијае и врз Македонија. Според најновите информации, унгарската енергетска компанија MOL, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор…
Коалицијата СДС и ДУИ во текот на вчерашниот ден во Собранието уште еднаш докажа дека функционира следејќи ги само своите интереси и не поддржува ништо корисно за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Измените на Законот за прекршоци со кои се заокружува правната рамка за функционирање на проектот „Безбеден град“ не ја поддржаа пратениците од овие две опозициски партии. Во текот на вчерашниот ден граѓаните сведочеа на СДС-ДУИ коалиција на дело, коалиција која функционира и во опозиција, коалиција која не се грижи за безбедноста на граѓаните во сообраќајот. СДС и ДУИ едноставно стапија во брак кој е против безбедноста и животите на…
