- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
На 23.01.2026 година во 16 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во службени простории во општина Охрид, Љ.С. од охридско село, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.01.2026 година во 16:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека две маскирани лица, на нива лоцирана во селото Оровник, општина Дебрца, запалиле неколку бали со сено. Ширењето на пожарот било спречено со интервенција на сопственикот на нивата. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Почитувани делегати, почитувани ценети гости од другите политички партии, од поканетите меѓународни организации, почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, дами и господа, другарки и другари, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Добредојдовте на Конгресот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија. Почитувани присутни, погледнете околу себе. Погледнете го човекот до вас. Ако некој ве праша зошто денес сте тука, во ова време невреме, не одговарајте дека сте тука поради партиска книшка. Не велете дека сте тука поради некоја функција или интерес. Кажете ја вистината што ја чувствуваме длабоко во градите – тука сме затоа што да се биде СДСМ никогаш не…
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Како што велат, намалена видливост поради магла има на планинските превои Плетвар 50м и Ѓавато 70м.
„Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДС и ДУИ“, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратнеикот од ВМРО-ДПМНЕ. СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот. СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает.…
Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, цитиран од Укринформ. Температурите во градот утрината паднаа на минус 12 степени. Во меѓувреме, стотици илјади жители во регионот Чернигов останаа без електрична енергија како резултат на истиот напад, објави регионалната енергетска компанија Черниговбленерго. Според нејзините податоци, клучната енергетска инфраструктура во близина на градот Нижин е оштетена. Во исто време, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига изјави дека Владимир Путин цинично наредил ракетен напад од големи размери врз Украина во услови на преговори меѓу Украина и Русија во Абу…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен предуслов за успех. „Енергетиката е ’рбетот на државата, а жените се нејзиниот неискористен интелектуален мотор. Ако исклучиме половина од човечкиот потенцијал, ние веќе сме во енергетски дефицит“, порача Божиновска. Таа нагласи дека нов систем не може да…
Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик рече дека до Министерството за правда сеуште не се пристигнати номинации за формирање на работна група . ,, Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик”,потенцира министерот Филков. Изборниот законик, нагласи Филков е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има…
„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед. Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот…
Помалку гужва, повеќе услуги за граѓаните. Ова е конкретната промена што ВЛЕН ја носи во јавната администрација, ставајќи го граѓанинот во центарот на услугите, велат од Вреди преку писмено соопштение испратено до медиумите. ВЛЕН информира дека, под раководство на директорот на управата за водење на Матични Книги, Фатон Фазлиу, некои од најбараните услуги сега можат да се извршуваат преку интернет, без чекање и без редици, преку државниот портал uslugi.gov.mk. Овој важен чекор им заштедува време на граѓаните, стрес и непотребна бирократија. Моментално, онлајн можете да добиете: извод од матичната книга на родени, извод од матичната книга на венчани, извод од матичната книга на умрени, уверение за слободна брачна…
