Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: Власта ја дефокусира јавноста за да ја сокрие неспособноста да води држава 

    Трајановски: Власта ја дефокусира јавноста за да ја сокрие неспособноста да води држава 

    24.01.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, на гостувањето во емисијата „Трилинг“, посочи дека актуелната власт, наместо да испорачува резултати, спроведува континуиран дефокус на јавноста преку медиумски напади и притисоци врз опозицијата.

    „Тој линч што ние го трпиме како партија моментално од власта преки одредени провладини медиуми ја нарушува цела етика  на новинарска професија. Нонстоп да бидете нападнати, и да ја дефокусирате јавноста со тоа каде бил претседателот, мислам дека е дегутантно. Фокусот на провладините медиуми е Венко Филипче, затоа што власта не испорачува ништо за граѓаните“, потенцираше Трајановски.

    Тој посочи дека сето ова е обид да се сокрие неспособноста на власта да управува со економијата и да ги испорача потребните резултати за граѓаните. Државата се наоѓа во сериозна економска и финансиска криза, што се манифестира преку синдикални протести, закочување на минималната плата, затворен трезор и буџетска дупка од околу 2 милијарди евра, како и застој во враќањето на ДДВ кон компаниите.

    „Кога ќе видите во каква ситуација е моментално државата, се спрема синдикален протест, има закочување кај минималната плата, потоа имате првпат во историјата на државата дека на 15-ти декември е затворен трезорот каде што немаат меѓуинституционални плаќања. Имаме една буџетска дупка која е веќе 2 милијарди евра. Потоа закочено враќање на ДДВ-то од 120 до 150 милиони евра по компании. Тоа укажува дека владата нема да има друг начин и ќе мора да распише предвремени избори“, рече Трајановски.

    Тој посочи и дека државата е во опасна позиција на европскиот пат, со ризик да стане „паралелен играч“ и да го изгуби интересот на ЕУ.

    „Ние во моментов се соочуваме со можност да станеме паралелен играч. Значи да не сме внатре во процесот да одиме према Европската унија, туку да бидеме покрај процесите и едноставно Европската унија да изгуби интерес за нас. Тоа е нешто најопасно што може да ни се случи“, посочи потпретседателот на СДСМ.

    Тој укажа и на владејачката политика како причина за изолација на државата, поради отворање конфликти со соседите и отсуство на дијалог.

    „Апсолутно сме изолирана држава. Отвараме конфликти со сите наши соседи. Отвараме конфликт со Грција на затворено прашање. Отвараме конфликт со Бугарија. Едноставно оската со Србија се движи. Но сепак мислам дека на затворени прашања не треба да отвараме нови прашања. Ние сме тие што треба да форсираме дијалог, да се приближиме до Европската Унија“, порача Трајановск

    Прочитај повеќе

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.