Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски: Коалицијата СДС – ДУИ на дело заедно и во опозиција, направија брак против животите и безбедноста на граѓаните

    Мицевски: Коалицијата СДС – ДУИ на дело заедно и во опозиција, направија брак против животите и безбедноста на граѓаните

    23.01.2026 во 18:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата на дело и во опозиција, ДУИ и СДС во брак против животите и безбедноста на граѓаните. СДС и ДУИ, коалицијата Али и Венко денеска заедно на дело во Собранието гласаа против проектот безбеден град. Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и во опозиција и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните.Денеска тие јасно застанаа против проектот Безбеден град, реагираше на прес-конференција Никола Мицевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Денес тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој овозможува функционирање на овој проект за почеток во Скопје, Куманово и Тетово, а опрема е поставена и по Коридорот 8 и 10.

    Низ факти да илустрирам за што сè се против СДС и ДУИ.

    Тие се против намалувањето на сообраќајни несреќи, повреди и смртни случаи во сообраќајот.

    На први октомври кога стартуваше пробниот период камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирање на системот или на втори декември, бројката се намали дупло на околу 50 илјади прекршоци.

    Потоа, во првите осум месеци од 2025 година, во сообраќајни несреќи низ земјава загинале 91 лице или по 11,3 луѓе месечно. Во 2024, бројот на жртви на патиштата бил 142 лица или по 11,8 изгубени животи месечно.

    Сега бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026.

    СДС и ДУИ уште еднаш покажаа на дело дека не знаат да застанат зад политиките во корист на граѓаните, конкретно сега за безбедноста на граѓаните.

    Со овој потег овие две партии и покрај казната од граѓаните на изминатите избори тие не знаат да се надминат себе си и да работат во корист на граѓаните, додаде Мицевски на прес-конференцијата.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.