- СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст
- Митева: Нема мешање во правосудството, но нема ниту толеранција за корупцијата
- Министерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во Кочани
- Инцидентот во Ла Манш е знак на нервоза кај Русите
- Трамп од самитот на Г7: САД наскоро повторно воведуваат санкции за руската нафта
- Митева: Водиме дипломатија со интегритет
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Го вратив сјајот на фонтаните во Скопје
- Полицијата однесе 15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола
Author: Author 03
Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека сè уште не е дојдено време Словенија да се приклучи на таканаречениот Одбор за мир, иницијатива што ја предводи американскиот претседател Доналд Трамп. Како главна причина, Голоб го наведе преширокиот мандат на ова тело и можноста со своето делување сериозно да го поткопа меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации. Според него, меѓународниот систем во кој Обединетите нации имаат централна улога со децении обезбедувал стабилност и мир, не само за Словенија, туку и за Европа и пошироко. „Најголемата загриженост е ризикот од разградување на системот на ОН“, истакна Голоб, додавајќи дека предложениот одбор…
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со Бјорн Габриел, раководител на Канцеларијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Северна Македонија.На работната средба, Хоџа и Бјорн разговараа за продолжување на досегашната соработка меѓу Министерството и ЕИБ, со посебен фокус на имплементацијата на стратешките проекти во областа на животната средина и водната инфраструктура.Министерот Хоџа ја истакна важноста на континуираната поддршка од ЕИБ во реализацијата на проекти кои имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и заштитата на животната средина.Бјорн нагласи дека Европската инвестициска банка, како банка во сопственост на земјите членки…
По барање на деканот, полицијата влезе на Филозофскиот факултет во Нови Сад, поради студентската блокада предизвикана од отпуштањето на професорката Јелена Клеут. Деканот на Факултетот, Миливој Алановиќ, изјави дека во тек се разговори меѓу полицијата, факултетската администрација и студентите.„Разговаравме со студентите, разговараме со полицијата, полицијата разговара со студентите“, рече Алановиќ. Тој додаде дека блокадата мора да заврши, во спротивно ќе биде принуден да преземе мерки со цел факултетот да продолжи со нормално функционирање. Студентите најавија блокада како реакција на одлуката за отпуштање на професорката Јелена Клеут, која денеска беше и официјално разрешена од работното место. Продеканот упати апел до студентите…
Иако добиле релевантни и ирелевантни пријави од многу сведоци дека апелацискиот судија Ѓоко Ристов им барал поткуп, Обвинителството во овој момент со докази не може да ги поврзе заѕиданите 350.000 евра со ниту еден случај кој тој го работел. Индиции постојат, но конкетни докази за предметите нема. Истражителите од Обвинителството за организиран криминал 9 месеци ги проверувале формалните и неформалните искази на многуте сведоци. Првичните индиции дошле од белешки од АНБ, но предметот контурите почнал да ги добива откако поранешниот државен правобранител Фехми Стафа беше фатен со 30.000 евра. Пари кои тој ги доби од сестрата на осомничениот Љупчо Пецов…
Според добиените информации од регионалните центри и надлежните служби, на територијата на државата во моментот нема активни врнежи од снег. Патните правци каде што претходно имаше снежна покривка се расчистуваат и опесочуваат, а сообраќајот се одвива во зимски услови, главно по влажни коловози. Екипите на ЈП Македонија пат, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се континуирано на терен и постапуваат согласно приоритетите. Главните магистрални и регионални патни правци се проодни, а локалните патишта се расчистуваат таму каде што имало насобран снег. Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на одредени планински превои остануваат во сила таму каде што претходно…
Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос изјави дека Соединетите Американски Држави бележат „најбрз и најдраматичен“ економски раст во својата историја, оценувајќи дека економскиот подем на САД има глобално влијание. „САД се економскиот мотор на светот. Кога Америка цвета, целиот свет цвета, а кога ние не успеваме, сите нè следат“, рече Трамп, додавајќи дека инвестициите и приходите во земјата „експлодирале“, додека инфлацијата значително се намалила. Во говорот, американскиот претседател упати критики и кон Европа, оценувајќи дека многу европски држави повеќе „не можат да се препознаат“ поради, како што рече, неконтролирана имиграција и прекумерен увоз.„Ја сакам Европа, но…
Во Цирих се одржа протест против американскиот претседател Доналд Трамп и неговото учество на Светскиот економски форум во Давос. Демонстрантите ги обвинија и швајцарските власти дека со поканата му даваат легитимитет на, како што наведоа, авторитарна и плутократска политика. Група учесници на протестот се движеа низ централните градски улици со слоганот „Трамп не е добредојден!“, при што беше запалено и американското знаме. За време на протестот дојде до помали судири меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата интервенираше со опрема за сузбивање нереди, користејќи водни топови и солзавец, додека дел од медиумите објавија дека демонстрантите употребувале пиротехника и огномет. Според информациите на…
Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај. Поради снегот, институциите го вклучија алармот и ја активираа целата механизација. Во Скопје, два автобуси се излизгаа од патот, за среќа никој не е повреден. Градоначалникот вели дека се интервенира со сите камиони. Истурени се над 300 тони сол. Попладнево сите улици и главни булевари се проодни. Денеска нема ниту една рурална средина која е затрупана со снег, тврди Ѓоргиевски. Со полни раце работа се и екипите на „Македонија пат“. Утрово, поради снегот, имаше забрана на повеќе патни правци. Најкритични и понатаму остануваат планинските превои. Од ЦУК до граѓаните со апел да се јават на 112 доколку имаат…
Белгискиот премиер Барт де Вевер упати остра критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, споредувајќи го со „гладна гасеница“, во контекст на неговите изјави и закани поврзани со Гренланд. Како што пренесува белгискиот медиум Метро, де Вевер оцени дека времето за дипломатско убедување на Вашингтон е завршено и дека таквиот пристап веќе станал контрапродуктивен. „Доста е. Европа мора да се соочи со Доналд Трамп, ‘гладната гасеница’“, изјави белгискиот премиер. Тој ги повика европските држави сериозно да ги зајакнат сопствените одбранбени капацитети, со цел да бидат подготвени за можноста од американска воена интервенција во Гренланд. Според де Вевер, дојдено е време дипломатската…
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, г. Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската унија и Швајцарија. На средбата беа презентирани тековните и…
