- САД и ЕУ потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за ретки минерали
- Каков викенд ги очекува Вагите?
- Трамп не застанува: Претседателот со нови санкции го зголемува притисокот врз Кина
- Притвор за Македонец, кој како лажен хирург во Белград правел измами
- Ѓорѓиевски: Официјално отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уплашен и нервозен
- Овој хороскопски знак тешко прифаќа критики
- Инфлуенсерка прегазена пред ноќен клуб во Лондон
Author: Author 03
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес учествуваше на панел-дискусија на тема „Можности за странски инвестиции во Северна Македонија“, што се одржа во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин. Настанот беше организиран од Германско–македонскиот бизнис клуб (DNMBC) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Министерот Дурмиши во своето обраќање истакна дека Северна Македонија се наоѓа во клучен развоен момент, во кој реформските процеси се насочени кон создавање предвидлива, стабилна и европски ориентирана економска средина. Тој ги нагласи приоритетите на Владата – дигитална и зелена трансформација, модернизација на индустријата, поттикнување на иновации и унапредување на човечкиот…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телма потенцираше дека политиките на партијата отсекогаш биле во духот на социјалдемократијата, насочени кон градење праведно и европско општество, а тоа ќе остане јадрото и во иднина. „Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со години, децении, биле истите – државнички, во духот на социјалдемократијата, еднаквост, социјална правда. И никогаш од тие принципи и постулати партијата во својата историја не отстапила“, рече Филипче. Тој нагласи дека СДСМ останува партија изградена на неколку цврсти темели: борба против корупцијата, јасна евроинтегративна ориентација, подобрување на животниот стандард на граѓаните и спротивставување на националистичките политики на ВМРО-ДПМНЕ.…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното интервју во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, најави кадровско освежување во партијата. Тој посочи дека на вечерашниот Извршен одбор на СДСМ, ќе побара оставка од членовите и на следниот Централен одбор ќе се избере новиот состав на ИО. „Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе коишто имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните и тоа како ја заслужуваат. Веќе разговарав со добар дел од луѓето, не би шпекулирал со имиња меѓутоа не станува збор за целосна смена, туку за парцијално освежување на тимовите и во делот…
Во четврток е Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто…
Попладнево е приведен поранешниот сопственик на над 500 крави во Крива Паланка откако пружал отпор на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство кои требало да ги одземат животните, пренесува Телма ТВ. Видео од апсењето објави и ќерката на приведениот. На видеото се гледа како инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство се на терен за да го реализираат одземањето на кравите кои со месеци правеа штета на локалните жители. Полицијата која е повикана на асистенција го приведува откако тој пружа отпор, а неговите ќерки викаат на помош и се обидуваат да му помогнат. По приведувањето, поареншениот сопственик…
Трендовите за маникир се менуваат побрзо отколку што можеме да отстраниме стар лак, но некои бои имаат статус што е надвор од годишните времиња, возрастите или ефектите на TikTok. Ова се нијансите што преживеале сè, од мат завршетоци до хромирани прскања, и сè уште стојат како симболи на стил, едноставност и самодоверба. Во ерата на експерименти со уметност на нокти и вирални трендови, овие четири нијанси за нокти преживуваат затоа што не се обидуваат да бидат ништо друго освен она што се – класици. Тие се повеќе од бои, тие се расположенија, фази, изрази на женственост. И затоа тие се…
Повозрасна жена била насилно ограбена среде бел ден во својот двор во скопско Ѓорче. – На 01.12.2025 во 16:09 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:00 часот во двор од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, сопственост на 83-годишната П.Р. од Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело мобилниот телефон, известија од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не посакува војна со европските сили, но дека Москва е подготвена да се бори доколку Европа избере ескалација. Според него, европските држави поставуваат услови за можен мировен договор за Украина кои Русија ги смета за „апсолутно неприфатливи“. „Немаме намера да војуваме со Европа, но ако Европа го сака тоа и почне, ние сме подготвени од овој момент“, рече Путин пред новинарите, непосредно пред средбата со американскиот претставник Стив Виткоф во Москва. Путин ги обвини европските земји дека се обидуваат да ги попречат американските дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. „Тие…
Во Македонија, и покрај тоа што бројот на невработени лица е значителен, некои сектори постојано се соочуваат со недостаток на работници. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во државата има над 10 илјади слободни позиции, особено во услужниот сектор, трговијата, подготовката на храна, преработувачката индустрија и во угостителските капацитети. Работодавците наведуваат дека една од причините за ваквата состојба е тоа што многу невработени не вложуваат напор да ги усовршат своите вештини, па често е поедноставно за нив да останат зависни од државната помош. Дополнително, сезонските работници заминуваат во странство за летната туристичка сезона и не се враќаат, оставајќи…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најтешките елементи од потенцијалниот мировен договор се прашањето за територијата, замрзнатите руски средства и безбедносните гаранции, но нагласи дека сега „повеќе од кога било“ постои шансa да се стави крај на војната. На прес-конференција во Даблин со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Зеленски откри дека разговарал со американскиот претставник Стив Виткоф, кој треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, и дека Украина ќе ги следи резултатите од таа средба. „Ќе реагирам според тие резултати, ако почувствувам дека можеме да сметаме на вистински, конкретен дијалог… ќе се сретнеме“, изјави Зеленски. Тој повтори дека замрзнатите…
