Close Menu
Press24
    Најново

    Шок во судницата во Куманово: Ги убивал жените па вршел полови дејства

    09.07.2026 во 13:30

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23

    Гледаше само во таванот и не одговараше ништо – почна судењето на серискиот убиец во Куманово

    09.07.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шок во судницата во Куманово: Ги убивал жените па вршел полови дејства
    • Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат
    • Гледаше само во таванот и не одговараше ништо – почна судењето на серискиот убиец во Куманово
    • Куманово: Убил 4 жени поради некрофилија – во судница гледаше само во таванот
    • Бугарите загрижени по изјавите на новиот унгарски премиер Маѓар за Македонија
    • Охриѓанец голтнал дрога пред полицијата и починал
    • Ова се невидени гужви – 9 европски земји бараат измени на системот со сликање на граници
    • ФОТО: Носел 24 пакети со дрога – Апсење на „Деве Баир“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаревски: Владата активно работи за подобрување на стандардот на граѓаните 

    Јаревски: Владата активно работи за подобрување на стандардот на граѓаните 

    20.01.2026 во 18:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард.

    „Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja детерминира оваа проблематика. Јас се сеќавам кога беше донесена формулата со којашто се пресметува минималната плата, и како тоа триумфално и синдикатите и тогашните претставници на власта, тоа го презентираа пред јавноста. Се разбира дека прави Владата и претставниците на мнозинството се што можат да ги подобрат условите во државата“, истакна Јаревски.

    Јаревски посочи дел од проектите на Владата спроведени во интерес на работниците, и потенцираше дека Буџетот за 2026 година има сериозни развојни компоненти а инфлацијата е намалена.

    „Можеме да укажеме дека имаше една галопирачка инфлација која е далеку намалена, беа направени мерки за нејзина консолидација, веќе имаме Буџет којшто има сериозни развојни компоненти, инфлацијата веќе можеме да ја проектираме и на 2,5% на крајот на наредната година, не се веќе двоцифрени бројките, тие се мерки на стабилизација коишто се во интерес на сите“, рече Јаревски и додаде:

    „Социјалните трансфери оваа година беа околу 206 милијарди денари, што се предвидени во Буџетот, обезбедени се средства. Проекциите се реални, 7% е проектиран растот на платите и некаде околу 10% растот на пензиите. Ќе се сложам да биде нашиот фокус кон зголемување на просечната или максималната плата којашто нашите работници ја добиваат“.

    Прочитај повеќе

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.