Author: Author 03

Во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп упати остра критика кон Европа, ги пофали економските резултати на Соединетите Американски Држави и повторно ја актуелизираше контроверзната идеја за набавка на Гренланд. „Нема да употребам сила, но го сакам Гренланд итно. Преговорите мора да започнат веднаш, сакам таму да изградам Златна купола!“, изјави Трамп, алудирајќи на неговата визија за стратешко присуство на островот. Тој се осврна и на говорот на канадскиот премиер, кој предизвика бројни реакции во Давос, испраќајќи му директна порака: „Канада постои благодарејќи на нас. Знај го тоа следниот пат кога ќе даваш изјави“. Трамп…

Повеќе

Со новата Стратегија за образование 2026-2032 фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата посветена на Стратегијата, која се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје. „Иста така се предвидува и подобрување на инфраструктурата, како и оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото образование и науката“, додаде Јаневска,…

Повеќе

Кајли Џенер, најмладата членка на семејството Кардашијан, на само 21 година стана најмладата милијардерка во светот која самостојно го стекнала своето богатство, објави магазинот „Форбс“. Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една милијарда долари. Со тоа, таа го надмина и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, кој својата прва милијарда ја достигнал на 23-годишна возраст. На најновата листа на „Форбс“ на милијардери помлади од 30 години се наоѓаат вкупно осум лица, од кои тројца самостојно го…

Повеќе

Почина последниот крал на италијанската мода. Последниот член на „светото тројство“. По Версаче и неодамна Армани, од оваа земска писта се повлече и Валентино Гаравани. Еден од најдолговечните и највлијателните креатори, вечен љубител на убавината, верен на ерата и начинот на живот „долче вита“ до последниот час, остава зад себе нешто што може да се дефинира само како – трајно богатство. Она што не е потрошено и кое вреди повеќе од милијарда и пол долари, што е вредноста на неговата империја. Од своите почетоци во Рим кон крајот на педесеттите години, Валентино остана постојана референца за убавина, моќ и софистицираност.…

Повеќе

На 19.01.2026 во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“. Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е во куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени на судија. Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека одредбата од Кривичниот законик на која се повикува Обвинителството се однесува исклучиво на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи кои управуваат со државен имот, а судството не спаѓа во таа категорија. Според него, истата правна логика не може да се примени ниту на судии ниту на обвинители, што отвора сериозна дилема околу правната квалификација…

Повеќе

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предизвика широки реакции со новата објава на платформата „Truth Social“ во вторник, тврдејќи дека неговата улога е клучна за опстанокот на НАТО. Трамп напиша дека „ниту една личност или претседател, не направил повеќе за НАТО од претседателот Доналд Трамп“, додавајќи дека без негова интервенција, трансатлантскиот воен сојуз повеќе нема да постои. „Да не дојдев, сега ќе го немаше НАТО! Ќе беше во корпата за ѓубре на историјата. Жално, но ВИСТИНИТО!“, напиша Трамп. Претходно истиот ден, Трамп ретвитна уште еден пост во кој тврдеше дека Кина и Русија се „марионети за заплашување“, додека „вистинската…

Повеќе

Најновите податоци на Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ) за надворешната трговија со стоки покажуваат дека Кина станува значаен актер во албанската економија. Во текот на 2025 година, Кина се рангира како втор трговски партнер на Албанија, со удел од 10,5 проценти во вкупната трговска размена, веднаш по Италија и пред Турција и Грција. Увозот од Кина се зголеми за 21,6 проценти во споредба со 2024 година, што ја прави земјата со најбрз раст на увозот во Албанија за целата година. Во истиот период, увозот од традиционалните западни партнери се намали: Италија за 2 проценти, Турција за 11,8 проценти и Германија…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп со ироничен тон го опиша својот однос со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните релации со двајцата европски лидери. На прашањето дали разговарал со Макрон и Стармер по неговата критика за британскиот договор околу архипелагот Чагос, Трамп рече дека не остварил директен контакт, но односите ги смета за добри: – „Не, не разговарав со нив, но мислам дека многу добро се сложуваме. Секогаш се коректни кон мене. Малку стануваат поостри кога не сум во нивна близина, но кога сум тука, се однесуваат навистина убаво. И, знаете, ми…

Повеќе