Close Menu
Press24
    Најново

    Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: САД преговараат за „целосен пристап“ до Гренланд

    Трамп: САД преговараат за „целосен пристап“ до Гренланд

    22.01.2026 во 17:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата администрација преговара за договор што ќе им овозможи на САД „целосен пристап“ до Гренланд, што, како што рече, е клучно за националната безбедност.

    -Сè доаѓа преку Гренланд. Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд. Тоа е прилично непроценливо. Тоа е неверојатно. Знаете, (поранешниот американски претседател) Роналд Реган ја имаше таа идеја одамна, но во тоа време немавме никаква технологија. Концептот беше одличен, но немаше технологија. Сега имаме неверојатна технологија, рече Трамп.

    Тој објасни дека САД и НАТО постигнале „рамка за иден договор“ за пристап на САД до оваа територија.

    -Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја формиравме рамката за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион, напиша Трамп на социјалните мрежи.

    Трамп рече дека договорот, доколку биде финализиран, „ќе биде одличен за САД и сите земји-членки на НАТО“, додавајќи дека договорот го натерал да ги суспендира планираните царини.

    -Врз основа на ова, нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари, рече тој.

    Додаде дека САД имаат најдобра опрема во светот – ракети „патриот“ и „томахавк“, авиони „Ф-35“….

    -Таа опрема им е потребна и на другите земји и нам. Но, производството трае предолго, мора да го забрзаме, рече Трамп.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.