- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
- СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?
Author: Author 03
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027. Проектот предвидува реконструкција и опремување на Домот на културата во село Градошорци, со цел постигнување висока енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија, како дел од пошироките напори за одржлив и нискојаглероден локален развој. „Благодарение на долгогодишната и успешна соработка со Министерството за локална самоуправа и со нашата партнерска општина Кресна, обновуваме руиниран објект што ќе прерасне во гордост на регионот, а…
Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст. Кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Што значи ова на поедноставен јазик? Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз. Само во последниот квартал,…
Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможува секој ученик да работи на сопствен компјутер во рамки на информатичкиот кабинет. Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до дигитални технологии за учениците. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека општината продолжува со инвестиции во образованието и создавање современи услови за учење. – Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Нашата цел е учениците да имаат подобри услови за настава и можност…
Врските на Заев и Филипче со руската политика на Владимир Путин, се потврдува и со нивната блискост со почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на Лукашенко, Борче Марковски. Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДС, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Фирмата на Борче Марковски, „Марковски компани’’ е фирма која во периодот од 2019 година па се до 2023 година има добиено најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки. Од овие 77,…
Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа два човечки животи, на мајка и дете ја потресе целата јавност. Оваа трагедија покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство, системски неуспех да се заштитат човечки животи. Две години се пријавувало семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот кој имал и друго обвиненија, пријави, а во последниот случај била пронајдена и дрога, порача на денешната прес-кофнеренција Јованка Тренчевска од СДСМ која бара итна оставка од Тошковски. „Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле…
„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“. -Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација и ако се покаже дека ефектите од конфликтот се подолготрајни, со посилни притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, централната банка има простор да реагира со повеќе инструменти за стабилизација што ѝ…
Американскиот претседател Доналд Трамп, во својот препознатлив стил, испрати порака на моќ и триумфализам по почетокот на воените операции насочени против иранскиот режим. Тој ја нагласи ранливоста на иранското раководство, кое со децении градеше имиџ на недопирливост. Трамп ја истакна ефикасноста на тековната воена акција и падот на клучните фигури во Техеран: „Луѓето што ги гледавме како богови, веќе ги нема. Иран веќе не е истиот. Тие мислеа дека се недопирливи, но сега гледаат дека нивната моќ исчезнува за неколку дена.“ Претседателот на САД додаде дека иранскиот режим веќе нема капацитет да го застрашува светот како порано, посочувајќи дека операцијата…
Дипломатските односи меѓу САД и Шпанија достигнаа точка на вриење откако шпанскиот премиер Педро Санчез го одби барањето на Вашингтон за користење на воените бази за операции против Иран. Како одговор на ова, американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана за целосен прекин на трговската размена меѓу двете земји. И покрај притисокот, Санчез денеска ја потврди цврстата позиција на својата влада: „Ставот на шпанската Влада е јасен – ’Не за војната‘. Шпанија нема да учествува во воени дејствија, ниту ќе ја поддржи ескалацијата на конфликтот.“ Од друга страна, за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Трамп не…
Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да зема невини жртви. Најмалку шест лица загинаа во последниот бран израелски бомбардирања во Либан, додека во Кувајт е потврдена смртта на 11-годишно девојче како последица на воените дејствија во регионот. Според извештаите на либанските власти, израелските воздушни сили целеле позиции во јужниот дел на земјата, што резултирало со нови човечки загуби и значителна материјална штета. Паралелно со ова, ситуацијата во Кувајт дополнително се влошува. Тамошното Министерство за здравство соопшти дека 11-годишното девојче им подлегнало на повредите по нападите кои ја зафатија оваа земја, која станува сè поизложена на вкрстениот оган меѓу завојуваните страни. Оваа…
Велика Британија презема итни чекори за зајакнување на одбраната на Кипар. Премиерот Кир Стармер потврди дека разорувачот „ХМС Драгон“ (HMS Dragon) и специјализирани хеликоптери со капацитети против дронови ќе бидат распоредени во регионот како одговор на ескалацијата на Блискиот Исток. Оваа одлука доаѓа откако ирански дрон ја погоди британската воена база РАФ Акротири на Кипар. Иако нападот предизвика минимална штета и немаше жртви, инцидентот иницираше итна воена реакција од Лондон. Разорувачите од типот 45, во кои спаѓа и „ХМС Драгон“, се единствените пловила на Кралската морнарица опремени за соборување на балистички ракети. Британскиот премиер ги образложи овие чекори по разговорот…
