Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред

    (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред

    04.03.2026 во 12:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст. Кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Што значи ова на поедноставен јазик?

    Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз.

    Само во последниот квартал, извозот порасна за речиси 10 проценти. Градежништвото порасна за над 14 проценти.

    Ова не е раст само на хартија. Ова е раст кој се гледа на терен.

    Истовремено, буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4 проценти, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3 проценти од БДП.

    Тоа значи дека растеме, но одговорно. Не со задолжување без контрола, туку со стабилна политика.

    Дополнително, во првите два месеци од 2026 година капиталните инвестиции бележат трицифрен раст во однос на истиот период лани.

    Тоа е јасен сигнал дека темпото не запира, туку се засилува.

    Свесни сме дека граѓаните чувствуваат притисок од трошоците за живот. Но растот на економијата е предуслов за повисоки плати, нови работни места и подобар стандард.

    Нашата порака е јасна: економијата расте, стабилно и одржливо.

    И ќе продолжиме со политики што создаваат вредност, инвестиции и сигурност за граѓаните и стопанството, изјави Стојановски.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.