Author: Author 03

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „Би можел да воведам царини за земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса за рурално здравје во Белата куќа. Трамп постојано повторува дека САД „апсолутно“ мора да го преземат Гренланд, дополнително зголемувајќи го притисокот врз Данска, која формално е сопственик на островот.

Повеќе

Украинска преговарачка делегација ќе отпатува во Соединетите Американски Држави за да се разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Ова следува по коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев наводно го отежнува постигнувањето мир. Зеленски на социјалните мрежи истакна дека украинскиот тим, „и покрај сите околности“, е во постојан контакт со претставници на американскиот претседател, а средбите се очекуваат во наредните денови. Во делегацијата се вклучени секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров, новоименуваниот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, како и пратеникот Давид Арахамија. Киев очекува разговорите да донесат поголема јасност…

Повеќе

На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(25) од Прилеп, излетало од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Прилеп, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Повеќе

Кривичниот суд Скопје им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осум лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи (УЈП), која се спроведува поради сомнение за сериозни злоупотреби и оштетување на државниот буџет. Како што информираат од Судот, по завршениот распит на осомничените и по нивното произнесување, судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Јавното обвинителство, оценувајќи дека се исполнети сите законски основи за определување притвор – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик осомничените да го довршат или повторат кривичното дело. Акцијата опфати претреси на 16 локации низ…

Повеќе

Педесет и седумгодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако подолг период следел, вознемирувал и со мобилен телефон снимал 18-годишна девојка од истиот град, соопштија од СВР Тетово. Според информациите од полицијата, вчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност. Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Околу 100 верници од Прилеп ќе учествуваат на централното, традиционално фрлање на Светиот крст во осветените води на Аква базенот во прилепскиот хотел „Салида“, кое ќе се одржи в понеделник напладне, на Богојавление – Водици. Од пријавените учесници, едно е женско. Вкупно над 500 верници ќе се вклучат на 20 локации на територијата на Општина Прилеп за овој верски обред. Покрај централниот настан, Светиот крст ќе биде положен во водите на реките и базените во 19 други населени места: Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани,…

Повеќе

Британскиот премиер Кир Стармер „не планира“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што претходно предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит. – „Премиерот не планира да разговара со претседателот Путин. Неговата цел очигледно е да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја постави земјата во најсилната можна позиција за продолжување на борбата и чекорите кон мировните преговори“, рече портпаролот. Тој додаде дека рускиот претседател „досега не покажал никаков знак“ дека сака да ја прекине војната во Украина. Портпаролот истакна и дека британската влада има…

Повеќе

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, по наредба на министерот за здравство, во врска со третманот и лекувањето на доенчето У.М., кое почина на 14 јануари на одделот за педијатрија. Од Инспекторатот посочуваат дека точната причина за смрт ќе биде утврдена по завршувањето на патоанатомската обдукција, која е во тек. Според увидот во медицинската документација и здравствената евиденција, доенчето У.М., старо два и пол месеци, родено на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје, било донесено на одделот за педијатрија во болницата во Кавадарци на…

Повеќе

Социјалната мрежа X, поранешен Твитер, денеска беше недостапна за корисниците ширум светот поради, како што се чини, сериозен технички пад. Веб-страницата и мобилната апликација не се вчитуваа, а на многумина им се прикажуваше празен екран. Дел од корисниците пријавија појава на страници со Cloudflare грешки, иако, според достапните информации, проблемот бил во самата платформа X, а не во Cloudflare, како што било случај за време на некои претходни прекини на услугата, објави британскиот весник The Independent. Во одредени претходни инциденти, страницата се вчитувала, но не прикажувала објави. Податоците од сервисот Down Detector покажуваат дека околу 16 часот е регистриран нагол…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста Соединетите Американски Држави да се повлечат од НАТО, откако разговорите меѓу претставници на Данска, Гренланд и САД за иднината на Гренланд завршија без договор. Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Гренланд е „исклучително важен“ за националната безбедност на САД, нагласувајќи дека секое решение што не подразбира американска контрола врз островот е „неприфатливо“, објави магазинот Тајм. На ваквите изјави остро реагираше Данска, оценувајќи дека станува збор за фундаментално несогласување меѓу двете сојузнички земји. Како одговор, Копенхаген најави проширување на своето воено присуство на и околу Гренланд, додека неколку европски сојузници,…

Повеќе