Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, а е против дата центри, рудници и нови работни места
    • МВР за големата акција во три градови во Македонија: На удар криминална група за криумчарење и корупција
    • Цана: По 28-дневна битка на Инфективната клиника почина пациент како последица на Западнонилската треска
    • Голф слета во провалија, загинаа две девојки – Страшна несреќа кај Коњиц
    • По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони
    • Утре пристигнува првиот снег во регионот
    • Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот

    Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот

    04.03.2026 во 12:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вредноста на казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговски практики ќе се зголеми десеткратно ако трговците продлжат да се однесуваат вака и не го почитуваат законот, врз основа на којшто Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) досега изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување и се чекаат одлуки од судот за тие трговци, посочи денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, во одговор на прашање од пратеникот од СДСМ Димитар Ковачевски.

    Пратеникот Ковачевски праша кои конкретни мерки со утврден рок ќе ги преземе Владата за да обезбеди доследна примена на Законот за забрана на нефер трговски практики и да спречи неоправдани и драстични ценовни разлики на идентички производи на пазарот и зголемување на цените во малопродажбата и дали КЗК е екипирана со соодветни кадри за идентификување на трговските практики кои ги прават големите ланци супермаркети.

    – Две години по стапувањето во сила на терен се забележуваат сериозни отстапувања, а според податоците на Државниот завод за статистика, цените на храната бележат двоцифрен пораст, при што индексот на трошоци на цените во делот на храна и безалкохолни пијалаци во одредени месеци надминуваше 10 проценти на годишно ниво. Ова се гледа и од зголемувањето на висината на потрошувачката кошничка која надмина 1000 евра месечно по семејство без разлика дали во неа се содржи кирија или согласно расправата која се води на Економско-социјалниот совет таа нема да се содржи. Истовремено, домашните производители укажуваат на притисоци врз откупните цени и дополнителни трошоци, рече Ковачевски.

    Министерот Дурмиши посочи дека Законот за нефер трговски практики е во сила од јануари 2025 година и оти веќе се гледа, но и во наредните месеци ќе се следи како се спроведува од страна на трговците. Со законот, потенцираше, опфатени се над 2000 производи, за кои трговците треба да ги почитуваат правилата. – Комисијата за заштита на конкуренцијата изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување и зголемување на цени со што влијаеја и на другите трговци да ги зголемат цените заедно со една стопанска комора. Сега постапката е во суд и се очекува да се донесат одлуки за овие трговци. Јас истакнав и пред неколку дена, а и претходно, дека доколку трговците продолжат да делуваат на овој начин и нема да го почитуваат законот ќе има измени на Законот каде вредноста на казната ќе се зголеми десет пати – посочи Дурмиши.

    Прочитај повеќе

    Добри вести утрово: Цената на нафтата падна

    21.09.2026 во 10:58

    Цената на нафтата падна на најниско ниво во последните неколку дена

    21.09.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.