Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада

    15.06.2026 во 18:15

    Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот

    15.06.2026 во 18:05

    СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

    15.06.2026 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
    • Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
    • СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?
    • Пренџов: Предлог-законот за правична застапеност е важен чекор кон поинклузивно и праведно општество
    • Алиу на трибина за органодарителство: Го засилуваме институционалното темпо затоа што некаде некој чека нова шанса за живот
    • СДСМ: Мицкоски нема пари за земјоделците
    • Мицкоски повикан во суд
    • Едногласно во Собранието: Усвоен Етичкиот кодекс за пратениците, почна дебатата за Законот за правична застапеност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата

    Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата

    04.03.2026 во 13:022 Mins Read
    Actors across the food system – policy makers in all sectors, food producers and suppliers – typically do not account for the nutritional needs of children and adolescents when determining nationwide food and agriculture policies on what foods to grow, produce, distribute, and sell. Processed, less nutritious foods are skillfully marketed and widely available and affordable, while nutritious foods are often more expensive and unaffordable to many. The food environment often does not favor a nutritious diet for children and adolescents, nor is it supported to do so.
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „На Светскиот ден за борба против дебелината, УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите заисхрана во училиштата во Северна Македонија, бидејќи прекумерната тежина и дебелината кај децата и натаму се зголемуваат во раните училишни години, критичен период за воспоставување доживотни прехранбени навики.

    „Неодамнешните податоци покажуваат дека 34 проценти од машките и 28,3 проценти од девојчињата на возраст од 7 до 9 години живеат со прекумерна тежина или дебелина. Иако на децата би им користела поголема физичка активност на училиште, важно е да се напомене дека недоволната физичка активност не е главниот двигател на актуелниот тренд – според родителите, повеќе од 90% од децата учествуваат барем во еден час активна игра или енергична активност секој ден.

    „Всушност, нездравите опкружувања во кои децата јадат или можат да купат храна ја обликуваат исхраната на децата. Речиси една третина од децата редовно консумираат безалкохолни пијалаци засладени со шеќер, додека повеќе од три четвртини не јадат овошје и зеленчук секој ден, што укажува на тоа дека здравата храна не е дел од секојдневието на децата.

    „Училиштето има пресудна улога во обликувањето на ваквото однесување. Проценката на УНИЦЕФ за храната во училишната средина покажува дека таму каде што е достапна храна, вообичаени се нездравите опции – како што се засладени пијалаци, слатки и солени грицки.

    „Во наодите се истакнува дека опкружувањата во кои децата јадат или можат да купат храна ја поткопуваат здравата исхрана. Кога нездравата храна е евтина, широко достапна и интензивно се рекламира, а хранливите опции се ограничени, здравјето на децата страда.

    „УНИЦЕФ апелира до земјата да ја ограничи продажбата на ултра-преработена храна и зашеќерени пијалаци внатре во училиштата, да ги зајакне прописите за рекламирање храна и пијалаци на деца, и да вложи во едукација за правилна исхрана, со што ќе им овозможи на децата да научат за здравите прехранбени навики.

    „Ова е особено важно со оглед на тоа што проценетите економски трошоци од прекумерна тежина и дебелина изнесуваат околу 5% од БДП – приближно 482 милиони евра, или 241 евро по лице годишно.

    „Светското искуство покажува дека промената е можна. Податоците на УНИЦЕФ од земјите што ги ограничија продажбата и рекламирањето на нездрава храна внатре во училиштата покажуваат подобрување во исхраната на децата и намалена потрошувачка на зашеќерени пијалаци и ултра-преработена храна.

    „Заштитата на децата од нездрава храна е една од најефикасните мерки за спречување на дебелината и поддршка за доживотното здравје.“

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада

    15.06.2026 во 18:15

    Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот

    15.06.2026 во 18:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.