- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Машката ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Данска го отвори настапот на Европското првенство што се одржува во Данска, Шведска и Норвешка – осмо континентално првенство по ред за нашата селекција. Пред околу 15.000 гледачи во Хернинг, македонските ракометари беа поразени со 24:36 (12:17), епилог што не претставува изненадување со оглед на квалитетот и статусот на противникот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил сам да се убеди, а не под влијание на други, откако размислувал за евентуална воена акција против Иран. – „Никој не ме убеди, јас се убедив себеси“, рече Трамп, пренесе Си-Ен-Ен. Тој истакна дека размислува за откажување на воената акција по информацијата дека Иран нема да ги егзекутира притворените демонстранти. – „Тие планираа вчера да обесат 800 луѓе и го почитувам фактот дека го откажаа тоа“, додаде претседателот. Трамп разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за кризата во Иран. Според извори, Нетанјаху побарал одложување на американската акција за да им даде на Израел…
Мечка по четврти пат ја ограби слаткарницата Глејдс Хоуммејд Кендис (Glades Homemade Candies) во туристичкиот град Гатлинберг (Тенеси), јавува локалната телевизија Вејт (WATE). Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената врата, ги превртело полиците и извадило надвор садови со благи работи. Сопствениците велат дека веќе 35 години произведуваат благи производи, но ваквите упади се сериозен проблем. Тие додаваат дека преземале секакви мерки за заштита, вклучувајќи безбедносни брави, контејнери отпорни на мечки и дополнителни безбедносни системи, но тоа не ја спречило мечката да си „касне“ по четврти пат од „слатките“ задоволства. Случајот е пријавен во Агенцијата за ресурси и…
Десетици илјади Кубанци протестираа пред амбасадата на САД во Хавана, осудувајќи го убиството на 32 кубански офицери во Венецуела и барајќи од Вашингтон да го ослободи венецуелскиот претседател Николас Мадуро, објави Асошиејтед Прес. Тензиите меѓу Куба и САД се зголемија откако Вашингтон изврши напад врз Каракас на 3 јануари, при што беа убиени 32 кубански офицери кои го обезбедувале венецуелскиот лидер. – „Целата нација се крева!“, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа X. „Ова е категоричен одговор на оние кои се осмелуваат да го загрозат мирот и суверенитетот.“ Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна побара Куба да склучи…
Сè поголем е интересот кај младите за професионални војници во Армијата, а 296-те од сегашната генерација се најмногу досега, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета во касарната во Велес, каде што присуствуваше на свечената заклетва на професионалните војници. Мисајловски најави дека годинава ќе бидат примени уште 300 професионални војници. – Oбуката, новата опрема, модернизацијата, сето тоа влијае младите луѓе да ја почитуваат Армијата, се разбира и Министерството, кои се најпочитувани институции во државата. Тоа е поради луѓето што се внатре, што поминале многу години, луѓето што се зад мене, кои поминале многу курсеви, што поминале многу во…
Денеска, на 16 јануари 2026 година, во 18:03 часот, регистриран е земјотрес во западниот дел на Македонија. Според првичните податоци, земјотресот бил со магнитуда од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на населеното место Лазарополе, во поширокиот регион на Националниот парк Маврово, на длабочина од 15 километри. Поради ниската магнитуда, земјотресот бил почувствуван само од мал дел од населението во епицентралното подрачје и не предизвикал никакви материјални штети.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оценува дека е подобро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат директно, отколку да разговараат преку посредници. Таа истакна дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар“, но дека таму требало да биде и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. – „Како професорка, како и многу други мои колеги, би рекла дека лидерските средби ги јакнат лидерите, но ги слабеат институциите. Но во поделено општество како што е нашето и во рамки на консоцијативната демократија што ја вградивме не само во праксата туку и во Уставот, добро…
Американска воена делегација пристигна во проблематичната област во северна Сирија, во услови на зголемени тензии меѓу сириската влада и курдските сили кои го контролираат поголемиот дел од североисточна Сирија. САД одржуваат добри односи со двете страни и повикаа на смиреност. Претходно денеска, десетици луѓе пристигнаа во деловите контролирани од владата во северна Сирија пред наводна сириска воена офанзива врз областите контролирани од Курдите источно од градот Алепо. Многу цивили кои избегаа биле видени како користат споредни патишта за да стигнат до областите контролирани од владата, бидејќи главниот автопат бил блокиран од контролен пункт лоциран во градот Деир Хафер, кој е…
Избрани најубаво украсените дворови и тераси во Скопје. – Во магијата на новогодишните и божиќните празници, Скопје блесна со посебна топлина, онаа што доаѓа од домовите на неговите граѓани. Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“, беа избрани најубаво украсените домови, тераси и најинспиративниот ученички расказ, како симбол на креативноста, заедништвото и празничниот дух што го обединува градот. Оваа манифестација беше посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена, порача првиот човек…
Силното партнерство меѓу САД и Македонија ги унапредува заедничките интереси, објавија поладнево од американската амбасада после прошталната средба на амбасадорката Ангела Агелер со премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. -За време на прошталната средба со премиерот Мицкоски, амбасадорката Агелер се осврна на продлабочувањето на односите меѓу САД и Македонија преку проширената соработка во областа на безбедноста и трговијата. Таа изрази благодарност за силното партнерство кое придонесе за унапредување на интересите на двете држави, стои во објавата на амбасадата на САД во земјава.
