Author: Author 03

Безбедноста на македонските граѓани е највисок приоритет на Владата. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму пристапува одговорно, координирано и темелно во спроведувањето на сите активности поврзани со евакуацијата на граѓаните од погодените подрачја, информираат од МНР. -Во таа насока, ја информираме јавноста дека, согласно заклучок на Владата, е започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација, велат од министерството. Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. -За реализација…

Повеќе

„На Светскиот ден за борба против дебелината, УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите заисхрана во училиштата во Северна Македонија, бидејќи прекумерната тежина и дебелината кај децата и натаму се зголемуваат во раните училишни години, критичен период за воспоставување доживотни прехранбени навики. „Неодамнешните податоци покажуваат дека 34 проценти од машките и 28,3 проценти од девојчињата на возраст од 7 до 9 години живеат со прекумерна тежина или дебелина. Иако на децата би им користела поголема физичка активност на училиште, важно е да се напомене дека недоволната физичка активност не е главниот двигател на актуелниот тренд – според родителите, повеќе од 90% од…

Повеќе

Комитетот на Обединетите нации за правата на детето изрази „длабока вознемиреност“ по застрашувачките извештаи за бомбардирањето на училиштето за девојчиња „Шаџара Тајебех“ во јужниот ирански град Минаб. Според првичните информации, во овој напад животот го загубиле повеќе од 160 деца. Во официјалното соопштение на телото составено од 18 независни експерти се вели: „Комитетот е вознемирен од извештаите за напади врз цивилна инфраструктура, вклучувајќи училишта и болници, кои повредиле и трауматизирале деца и одзеле многу млади животи.“ Инцидентот се случи на 28 февруари, уште на самиот почеток на заедничката американско-израелска воена операција. Додека Канцеларијата за човекови права на ОН бара итна…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за економија Бесар Дурмиши кои се однесуваа на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики. Тој посочи дека и покрај донесениот закон, цените на храната бележат двоцифрен раст, а на терен се забележуваат сериозни отстапувања и драстични разлики во цените на идентични производи. Ковачевски побара конкретни мерки со утврден рок за доследна примена на законот, како и одговор дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за да се справи со нефер трговските практики на големите супермаркети. Според…

Повеќе

Вредноста на казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговски практики ќе се зголеми десеткратно ако трговците продлжат да се однесуваат вака и не го почитуваат законот, врз основа на којшто Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) досега изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување и се чекаат одлуки од судот за тие трговци, посочи денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, во одговор на прашање од пратеникот од СДСМ Димитар Ковачевски. Пратеникот Ковачевски праша кои конкретни мерки со утврден рок ќе ги преземе Владата за да обезбеди доследна примена на Законот за забрана на нефер…

Повеќе

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027. Проектот предвидува реконструкција и опремување на Домот на културата во село Градошорци, со цел постигнување висока енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија, како дел од пошироките напори за одржлив и нискојаглероден локален развој. „Благодарение на долгогодишната и успешна соработка со Министерството за локална самоуправа и со нашата партнерска општина Кресна, обновуваме руиниран објект што ќе прерасне во гордост на регионот, а…

Повеќе

Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст. Кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Што значи ова на поедноставен јазик? Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз. Само во последниот квартал,…

Повеќе

Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможува секој ученик да работи на сопствен компјутер во рамки на информатичкиот кабинет. Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до дигитални технологии за учениците. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека општината продолжува со инвестиции во образованието и создавање современи услови за учење. – Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Нашата цел е учениците да имаат подобри услови за настава и можност…

Повеќе

Врските на Заев и Филипче со руската политика на Владимир Путин, се потврдува и со нивната блискост со почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на Лукашенко, Борче Марковски. Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДС, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Фирмата на Борче Марковски, „Марковски компани’’ е фирма која во периодот од 2019 година па се до 2023 година има добиено најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки. Од овие 77,…

Повеќе

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа два човечки животи, на мајка и дете ја потресе целата јавност. Оваа трагедија покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство, системски неуспех да се заштитат човечки животи. Две години се пријавувало семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот кој имал и друго обвиненија, пријави, а во последниот случај била пронајдена и дрога, порача на денешната прес-кофнеренција Јованка Тренчевска од СДСМ која бара итна оставка од Тошковски. „Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле…

Повеќе