Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Тренчевска: Бараме оставка од Тошковски за трагедијата во Карпош

    (ВИДЕО) Тренчевска: Бараме оставка од Тошковски за трагедијата во Карпош

    04.03.2026 во 12:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа два човечки животи, на мајка и дете ја потресе целата јавност. Оваа трагедија покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство, системски неуспех да се заштитат човечки животи. Две години се пријавувало семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот кој имал и друго обвиненија, пријави, а во последниот случај била пронајдена и дрога, порача на денешната прес-кофнеренција Јованка Тренчевска од СДСМ која бара итна оставка од Тошковски.

    „Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите.

    Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР. Потфрлија центрите за социјална работа. Потфрли целиот институционален систем.

    Формалното постапување, игнорирањето на законските обврски и непостоењето на навремена реакција доведоа до најстрашниот исход – трагична смрт на мајка и дете.

    За жал, ова не е изолиран случај.

    Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство. Институциите повторно не реагирале навреме. Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи поради родово базирано и семејно насилство.

    Ова е аларм за ресет на целиот систем и повик дека одговорност мора да има.

    СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и темелна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службени лица – во МВР, центрите за социјална работа и во сите институции кои потфрлиле.

    Со измените на Кривичниот законик насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност. Дури и кога пријавата е повлечена.  И не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето на жртвата.

    Полицијата е обврзана да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

    Затоа Тошковски да не се обидува да ја префрла одговорноста на било кој, одговорноста е кај оној што го води системот.

    Проблемот почнува од врвот.

    Единствената телеграма што денес Тошковски треба да ја испрати е неговата оставка.

    Додека други молчат ние не, ОСТАВКА!

    Сите кои потфрлиле во исполнување на своите законски обврски мора да сносат одговорност“, изјави Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.