Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински и Андонов на терен – Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура

    Перински и Андонов на терен – Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура

    04.03.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027.

    Проектот предвидува реконструкција и опремување на Домот на културата во село Градошорци, со цел постигнување висока енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија, како дел од пошироките напори за одржлив и нискојаглероден локален развој.

    „Благодарение на долгогодишната и успешна соработка со Министерството за локална самоуправа и со нашата партнерска општина Кресна, обновуваме руиниран објект што ќе прерасне во гордост на регионот, а во негови рамки ќе биде изградена и спомен-соба посветена на Мис Стон, што значително ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда на општината и целиот прекуграничен регион“ во своето обраќање наведе градоначалникот Андонов.

    Преку проектот, Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 15% од вредноста на проектот, додека вкупниот буџет за Општина Василево за овој проект изнесува 302.357 евра.

    „Ниту една општина не смее да остане на маргините на развојот. Токму тука во Василево има потенцијал. Како Влада, од самиот почеток на мандатот преземавме обврска да обезбедиме поддршка, знаење и финансиски механизми за тие потенцијали да станат реални проекти и реални резултати и тоа веќе се гледа на терен“, истакна министерот Перински.

    Преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, за Општина Василево кумулативно беа одобрени 6 проекти во вредност од 115.680.175 денари.

    Во рамки на посетата, министерот оствари и работна средба со членовите на Советот на Општина Василево и општинската администрација, со цел директна координација за понатамошниот развој на општината.

    „Преку овие директни средби го унапредивме нивото на непосредна комуникација и политиките ги креираме согласно реалните потреби од терен, а не од канцеларија“, наведе Перински.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.