- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија, армијата ќе има право да конфискува приватни куќи, автомобили и друга сопственост неопходна за одбраната на земјата. Воени претставници соопштија дека околу 13.500 писма биле испратени до норвешките граѓани, со известување дека одредени ресурси може да бидат предмет на реквизиција. Меѓу нив се наведуваат недвижен имот, возила, чамци и разни машини, објави „Дејли меил“. Од норвешката војска нагласуваат дека ваквите мерки се дел од законската рамка за функционирање во воени услови. „Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени услови, вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни…
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар. Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 72 денари за…
Времето утре ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што на планините и на дел од повисоките населени места снежната покривка може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -8 до -2 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 0 до 6 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со повремени и послаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до…
Украинската армија во следната деценија ќе има потреба од неколку стотици милијарди долари странска помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА. Според украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за интеграцијата на земјата во Европската унија и НАТО, трошоците би можеле значително да пораснат доколку не се промени однесувањето на Русија. „Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале 700 милијарди долари“, изјави Качка за време на панел-дискусијата на Светскиот економски форум во Давос. Министерот за економија Олексиј Соболев појасни дека станува збор за дополнителни трошоци за одбрана…
Поради најавеното силно невреме со обилни врнежи од дожд, грмежи, локално интензивни снежни врнежи и на одредени места силни ветрови, Грција утре и задутре става пет региони во состојба на целосна мобилизација, т.н. „Red Code“. Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, утре ќе бидат затворени сите училишта, а наставата ќе се одвива онлајн, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката беше донесена по состанокот што денеска се одржа во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде што беа разгледани сите метеоролошки прогнози и ризици. Црвениот аларм е активиран за регионите Атика, Пелопонез, Тесалија, како и за централна и…
Сонот е едно од најважните нешта за добро здравје. Но, ново истражување покажа дека постојано покусото спиење всушност може и да го скрати животот. Научниот труд спроведен во Соединетите Американски Држави, е објавен во списанието „Слип адвенсес“ (Sleep Advances). Врската меѓу спиењето и долговечноста е сложена, но лекарите велат дека не се шокирани од резултатите. Научниците, имено, анализирале податоци од Анкетата за фактори на ризик во однесувањето на Центрите за контрола и превенција на болести, спроведена меѓу 2019. и 2025 година. Анкетата се спроведува месечно од страна на државните здравствени оддели и испитува низа навики што можат да влијаат на…
Пејачката Едита Арадиновиќ (32) е бремена, објавува српски Телеграф. Едита е во рана фаза од бременоста и го очекува своето прво дете со својот партнерот Ненад Стевиќ. – Таа е бремена 3 месец и се чувствува одлично. Активна е, патува, сè е совршено за неа. И двајцата се пресреќни поради оваа вест – вели извор од Телеграф. Едита се појави јавно со својот нов партнер за прв пат на 7 ноември 2025 година, на концертот на Емина Јаховиќ во Сава Центарот.
Во Словенија oд почетокот на годината стапува на сила нов закон кој им овозможува на вработените кои се приближуваат кон пензионирање да го скратат времето поминато на работа. Бидејќи предвидува зголемување на бенефициите за невработените и учесниците во јавни работи, како и полесен пристап до пазарот на трудот за млади луѓе, студенти и пензионери, законот ќе им овозможи и на работниците кои се приближуваат кон пензионирање да ги скратат своите работни обврски. Поточно, вработените постари од 58 години, како и оние со најмалку 35 години стаж, ќе можат да изберат: да имаат слободен петок и со тоа да го продолжат…
Судејќи според најновите украински разузнавачки податоци, Русија подготвува нови масовни напади врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Искрено разговараме со партнерите и за ракетите и за системите за противвоздушна одбрана кои ни се толку потребни. Снабдувањето не е доволно. Се трудиме да забрзаме, и важно е партнерите да нè слушнат. Сега многу се работи на ниво на Министерството за одбрана на Украина, рече Зеленски за време на своето редовно вечерно обраќање. Тој апелираше до државјаните на Украина да бидат внимателни и да ги слушаат предупредувањата за воздушни напади.
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 оцени дека минималната плата во Македонија е ниска и не обезбедува услови за пристоен живот, особено за семејствата кои егзистираат исклучиво од вакви примања. Според Миноски, неопходно е да се изнајдат решенија кои истовремено ќе придонесат за зголемување на животниот стандард на работниците и за подобрување на нивната вкупна благосостојба.
