- Голема полициска акција на патиштата: Уапсени 17 возачи, меѓу нив и малолетници
- Лажен лекар од Македонија приведен во Врање – мамел граѓани за пари
- Ѓорѓиевски: Започна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба
- Лоши вести за возачите: Нафтата и бензиот поскапуваат
- Малолетник и 20-годишник ограбувале манастир во Гостивар, паднаа во рацете на полицијата
- Фрчкоски: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти
- Син ми е претепан во училишниот двор од сограѓанин: Загрижен татко се јавил во полиција
- Кичевец претепал 4 лица, меѓу кои и малолетно девојче
Author: Author 03
Со цел да се засилат гласовите на младите жени како двигатели на промени и да се истакнат напредокот и предизвиците во областа на родовата еднаквост, Меѓународниот ден на жената беше одбележан со низа активности кои ја нагласија потребата од повторно потврдување на заедничките заложби за родова еднаквост, правда и дејствување. Настанот, организиран заеднички од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Обединетите нации во Северна Македонија, е дел од активностите за одбележување на Меѓународниот ден на жената 2026, кој на глобално ниво се одбележува под мотото „Права. Правда. Акција за сите жени…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека либанското движење Хезболах денеска истрелало околу 70 ракети кон израелска територија. Ова е дел од поширокиот бран напади со кои Израел се соочува во изминатите неколку дена, вклучувајќи стотици проектили и беспилотни летала. Официјален извештај од ИДФ Портпаролот на израелската армија, Надав Шошани, ги презентираше најновите бројки од теренот по почетокот на офанзивата на 2 март: „Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани кон Израел“, изјави Шошани, нагласувајќи дека воениот притисок врз Либан ќе продолжи сè додека траат заканите од Хезболах. Офанзивата, која започна пред само неколку дена, веќе покажува знаци на…
Најмалку 50.000 сириски државјани го напуштиле Либан во обид да се спасат од интензивните израелски воени операции, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ) при Обединетите нации. Како што пренесува „Ал Џезира“, оваа бројка се смета за конзервативна и реалниот број на бегалци е веројатно значително поголем. Клучни детали за бегалскиот бран: Овој масовен егзодус дополнително ја усложнува и онака тешката хуманитарна ситуација во регионот, каде инфраструктурата е под постојан притисок од воените дејствија.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла…
Лидерите на најмоќните европски економии – Германија, Франција, Велика Британија и Италија – денеска одржаа итен телефонски разговор во кој договорија заедничка „дипломатска и воена координација“. Ваквиот потег доаѓа како директен одговор на драматичната ескалација на Блискиот Исток по серијата напади врз Иран и воениот одговор од Техеран. Клучен договор меѓу Мерц, Макрон, Стармер и Мелони Фридрих Мерц, Емануел Макрон, Кир Стармер и Џорџа Мелони ја потврдија потребата од единствен европски фронт во услови на растечка глобална криза. Според официјалното соопштение на британската влада, четворицата лидери се согласиле да останат во постојан контакт со цел да се спречи понатамошно неконтролирано…
Европската комисија упати јавен и остар апел до унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски за итно запирање на „запаливата реторика“. Спорот околу нафтоводот „Дружба“ прерасна во директен конфликт без преседан, принудувајќи го Брисел јавно да ги критикува двајцата лидери. Закани со воена сила и „државен тероризам“ Тензиите достигнаа врвна точка откако Орбан стави вето на клучниот заем од 90 милијарди евра наменет за Украина. Како одговор на прекинот на снабдувањето со нафта, унгарскиот премиер се закани со употреба на воена сила за „пробивање на украинската блокада“. Ситуацијата дополнително се влоши со неколку контроверзни потези: Реакцијата на Брисел:…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри пораки до Техеран, нагласувајќи дека неговата администрација цели кон комплетна промена на владејачката структура во Иран. Како што објави „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News), овие коментари доаѓаат во период на ескалација на воените дејствија, непосредно по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи минатиот викенд. Во директно телефонско интервју за медиумот, Трамп беше дециден во своите намери: „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави тој. Претседателот откри дека веќе размислува за потенцијални фигури кои би можеле да го преземат раководството на земјата. „Сакаме тие да имаат добар лидер. Имаме неколку луѓе за кои мислам дека…
Панче Тошкоски самиот на себе си покажа дека треба да си даде оставка, реагираат од СДСМ. „Денеска вели дека „потребен е поефикасен институционален одговор„ за спречување на семејното насилство. Па кој ја води една од најголемите институции – МВР? Опозицијата? Или Панче Тошковски? Од кого бара поефикасен одговор Тошковски? Од себе? До толку бега од одговорноста што како да е опозиционер, спремен е од самиот себе си да бара поефикасен одговор само да не даде оставка. Уште колку жртви, уште колку случаи треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка? Проблемот почнува од врвот. Рацете ви се крвави!…
По повод 7 Март – Денот на учителот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во просториите на Општина Чаир пречека претставници од образованието и пензионирани просветни работници, при што беа доделени признанија за истакнати наставници и за нивниот долгогодишен придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации. „Учителите се темелот на секое здраво општество и секој успех на младите генерации е резултат на нивната посветеност и работа. Затоа образованието останува постојан приоритет за Општина Чаир,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Општина Чаир продолжува со инвестиции во образованието преку опремување на училиштата, реновирање на постојните објекти и изградба на…
